Брахим Дијаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брахим Дијаз
FC Salzburg gegen Manchester City FC (U19 8. Februar 2017) 10.jpg
Брахим на тренинг со Манчестер Сити во 2017 година
Лични податоци
Полно име Брахим Абделкадер Дијаз[1]
Роден на 3 август 1999 (1999-08-03) (21 г.)[2]
Роден во Малага, Шпанија
Висина 1.71 m[2]
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан (позајмен од ФК Реал Мадрид)
Број 21
Младинска кариера
2010–2013 Предлошка:Fb team Málaga
2013–2016 Манчестер Сити Манчестер Сити
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2019 Манчестер Сити Манчестер Сити 5 (0)
2019– Реал Мадрид Реал Мадрид 15 (1)
2020–Милан Милан (п) 0 (0)
Репрезентација
2016–2017 Шпанија 17 10 (3)
2016–2018 Шпанија 19 10 (1)
2017– Шпанија 21 1 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 4 септември 2020.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2019

Брахим Дијаз (роден на 3 август 1999 година во Малага, Шпанија) — шпански фудбалер кој настапува за екипата на ФК Милан како позајмен играч од ФК Реал Мадрид на позиција напад.

Кариера[уреди | уреди извор]

Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Брахим ја започнал својата кариера во родниот клуб Малага, пред да се пресели во Манчестер Сити во 2015 година како 16-годишник за почетна сума од 200.000 фунти[3][4]. На 21 септември 2016 година го имал своето деби во дресот на првиот тим за Сити, влегувајќи како замена во 80-тата минута во ЕФЛ-купот против Свонзи Сити[5]. Пет дена подоцна, тој го потпишал својот прв професионален договор со Сити, на три години[6].

На 21 ноември 2017 година, Брахим дебитирал во Лигата на шампионите против Фејенорд, влегувајќи по повредата на Рахим Стерлинг[7]. На 19 декември 2017 година, Брахим го започнал натпреварот со својот клуб, играјќи 88 минути против Лестер Сити во Лига Купот[8]. Дебитирал во Премиер лигата на 20 јануари 2018 година, во победата над Њукасл Јунајтед со 3: 1[9] и на 13 мај, тој добил медал за освоената сезона на Сити, откако се појавил спорадично на уште четири натпревари во лигата во текот на сезоната[10].

На 5 август 2018 година, Брахим ги одиграл последните 15 минути на местото на Фил Фоден во натпревар кој Манчестер Сити победил со резултат од 2-0 над Челзи во ФА Купот во 2018 година[11]. Подоцна истата сезона, Брахим го постигнал својот прв гол во кариерата за Сити, постигнувајќи ги двата погодоци во победата од 2:0 над Фулам на 1 ноември[12].

Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

После интензивните шпекулации за негов трансфер, заедно со неговиот договор со Манчестер Сити кој требало да истече во јуни 2019 година, Брахим се приклучил на Реал Мадрид на 6 јануари, за сума од 15,5 милиони фунти (17 милиони евра)[13]. Неговиот договор, кој трае до 2025 година, вклучува и потенцијални додатоци, според кои вредноста на трансферот се искачува на 22 милиони фунти (24 милиони евра)[14]. Трансферот, исто така, вклучува клаузули кои предвидуваат 15% продажна такса што треба да ја прими Сити, што би се искачило на 40% доколку Брахим го напушти Мадрид и се пресели во „друг клуб од Манчестер[15].

Тој дебитирал на 9 јануари 2019 година, влегувајќи како замена во победата од 3-0 над Леганес во Копа дел Реј[16]. Неговото деби во лигата дошло четири дена подоцна, кога тој повторно влегол како замена во победата со 2:1 над Реал Бетис[17]. Својот прв гол го постигнал на 12 мај 2019 година, во поразот од 1-3 против Реал Сосиедад[18].

Тој забележал шест настапи во текот на сезоната во лигата, а Реал Мадрид ја освоил Ла Лига во сезоната 2019-2020[19].

Милан[уреди | уреди извор]

На 4 септември 2020 година, Реал Мадрид објавил дека Брахим ќе биде позајмен во Милан за време на сезоната 2020–21[20][21].

Статистика[уреди | уреди извор]

Настапи и голови по клубови, сезони и натпреварувања
Клуб Сезона Лига Национален куп Лига куп Европа Останато Вкупно
Лига Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол. Нат. Гол.
Манчестр Сити 2016-17[22] Премиер Лига 0 0 0 0 1 0 0 0 1 0
2017-18[23] Премиер Лига 5 0 1 0 1 0 3[б 1] 0 10 0
2018-19[24] Premier Лига 0 0 0 0 3 2 0 0 1[б 2] 0 4 2
Вкупно 5 0 1 0 5 2 3 0 1 0 15 2
Реал Мадрид 2018–19[25] Ла Лига 9 1 2 0 0 0 11 1
2019-20 Ла Лига 6 0 3 1 1 0 0 0 10 1
Вкупно 15 1 5 1 1 0 21 2
Милан (п) 2020-21 Серија А 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 20 1 6 1 5 2 4 0 1 0 36 4
  1. Appearances in UEFA Champions League
  2. Appearance in FA Community Shield

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Acta del Partido celebrado el 05 de mayo de 2019, en Madrid“ [Minutes of the Match held on 5 May 2019, in Madrid] (Spanish). Royal Spanish Football Federation. Посетено на 15 June 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 „Brahim“. Real Madrid CF. Посетено на 15 June 2019.
  3. „Brahim Diaz“. Manchester City F.C. Архивирано од изворникот на 26 January 2018. Посетено на 28 January 2018.
  4. Ducker, James (21 April 2016). „Manchester City's global scouting mission pays off with 'mind-blowing' talent“. The Daily Telegraph. Посетено на 28 January 2018.
  5. „Swansea City 1–2 Manchester City“. BBC Sport. 21 September 2016. Посетено на 30 December 2016.
  6. „Brahim Diaz signs new deal“. Manchester City F.C. 26 September 2016. Архивирано од изворникот на 21 December 2016. Посетено на 30 December 2016.
  7. „Manchester City 1–0 Feyenoord“. BBC Sport. Посетено на 25 November 2017.
  8. „Leicester City 1–1 Manchester City (3–4 pens)“. BBC Sport. 19 December 2017. Посетено на 21 December 2017.
  9. Critchley, Mark (20 January 2018). „Sergio Aguero hits a perfect hat-trick as Manchester City end Newcastle's acrimonious week on a sour note“. The Independent. Посетено на 27 January 2018.
  10. Fay, Richard (13 May 2018). „Man City fans loved seeing Phil Foden make Premier League history“. Manchester Evening News. Посетено на 14 May 2018.
  11. Bevan, Chris (5 August 2018). „Chelsea 0–2 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 5 August 2018.
  12. „Manchester City 2–0 Fulham: Brahim Díaz leads holders into EFL Cup last eight“. BeIN Sport. Посетено на 1 November 2018.
  13. Jackson, Jamie. „Brahim Díaz on verge of joining Real Madrid from Manchester City for £15.5m“. The Guardian. Посетено на 6 January 2019.
  14. „Official Statement: Brahim Díaz“ (шпански). Real Madrid C.F. Посетено на 6 January 2019.
  15. Lilzino, John. „Brahim Díaz: Manchester City put anti-United clause in Real Madrid transfer to prevent Old Trafford move“. The Independent. Посетено на 6 January 2019.
  16. „Real Madrid 3–0 Leganés“. BBC. Посетено на 9 January 2019.
  17. „Ceballos rescues Real Madrid in Seville“. Marca. Spain. Посетено на 13 January 2019.
  18. „Brahim Diaz impresses again with a stunning solo goal“. Marca. Spain. Посетено на 12 May 2019.
  19. „Real Madrid win the longest LaLiga Santander season“. Marca. Spain. 17 July 2020. Посетено на 17 July 2020.
  20. Real Madrid CF (4 септември 2020). "Official Announcement: Brahim". Соопштение за печат.  посет. 4 септември 2020 г
  21. A.C. Milan (4 септември 2020). "Official Statement: Brahim Díaz". Соопштение за печат.  посет. 4 септември 2020 г
  22. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2016/2017“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
  23. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2017/2018“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 2 November 2018.
  24. „Натпревари одиграни од Brahim Diaz во 2018/2019“. Soccerbase. Centurycomm. Посетено на 6 January 2019.
  25. „Brahim Díaz: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 9 January 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]