Брановод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пресек на флексибилен брановод со фланша
(animation) Електрично поле во шуплив метален брановод. A cross-section of the waveguide allows a view of the field inside.
Електричното поле во шуплив метален брановод.

Брановод — состав што води бранови како што се електромагнетните бранови или звучните бранови. Оригиналното и најопшто [1] значење е шуплива проводна метална цевка која се користи за пренос на високи фреквенции - радио бранови, особено микробранови.

Геометријата на брановодот ја одразува неговата функција. Плочестите брановоди ја ограничуваат енергијата да патува само во една димензија, каналските брановоди во две димензии. Фреквенцијата на пренесениот бран исто така е диктирана од обликот на брановодот. Основно правило е дека ширината на брановодот треба да биде од ист ред на големина како брановата должина на пренесениот бран.

Принцип на работа[уреди | уреди извор]

Пример на брановоди и диплексери во радар за контрола на воздушниот сообраќај

Во отворен простор пропагацијата на брановите во сите насоки е сферична. Моќта на бранот опаѓа со растојанието R од изворот - обратнопропорционално од квадратот на растојанието. Брановодот го ограничува бранот да се шири во една димензија, така што во идеални услови бранот не ја губи својата моќ при пропагирањето. Генерално, проводниците кои се користат во брановодите имаат мала дебелина на обвивката и следствено голема површинска отпорност. Како резултат на вкупната рефлексија на ѕидовите, брановите се ограничени во внатрешноста на брановодот. Пропагацијата во брановодот може приближно да се опише како „цик-цак“ меѓу ѕидовите. Овој опис е точен за електромагнетните бранови во шуплива метална цевка со правоаголен или кружен напречен пресек.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот брановод бил предложен од Џозеф Џон Томсон во 1893 година, а првите експериментални тестови се направени од Оливер Лоџ во 1894 година. Првата математичка анализа на електромагнетните бранови во метален цилиндар била изведена од Џон Страт во 1897 година. [2] За звучните бранови, Страт објавил целосна математичка анализа на моделот на пропагација во неговиот труд „Теорија на звукот“.[3]

Употреба[уреди | уреди извор]

Употребата на брановодите за пренос на сигнали била позната пред да биде осмислен поимот. Појавата на пренесување на звучни бранови преку затегната жица бил познат долго време, исто како и пренесувањето на звукот преку шуплива цевка како што е медицинскиот стетоскоп.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Institute of Electrical and Electronics Engineers, “The IEEE standard dictionary of electrical and electronics terms”; 6th ed. New York, N.Y., Institute of Electrical and Electronics Engineers, c1997. IEEE Std 100-1996. ISBN 1-55937-833-6 [ed. Standards Coordinating Committee 10, Terms and Definitions; Jane Radatz, (chair)]
  2. N. W. McLachlan, Theory and Applications of Mathieu Functions, p. 8 (1947) (reprinted by Dover: New York, 1964).
  3. The Theory of Sound, by J. W. S. Rayleigh, (1894)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]