Бранко Михајловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бранко Михајловски
Роден 2 мај 1924
Скопје, Кралство Југославија
Починал 27 април 2000
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање снимател

Бранко Михајловски (роден на 2 мај 1924 година во Скопје - починал на 27 април 2000 година во Скопје) — македонски снимател, доајен на филмската камера во Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бранко Михајловски се образувал во Првата машка гимназија во родниот град, а потоа го совладал фотографскиот занает. По војната завршил Висока филмска школа во Белград. Од 1947 година работел во продуцентската куќа „Вардар филм“. Има реализирано над 100 документарни филмови, а бил директор на фотографија во дваесетина играни и кратки филма. Освен како снимател, се појавил и како режисер на неколку документарни филмови.

Награди[уреди | уреди извор]

  • 1955 ФЈИФ, Пула, Плакета од „Вјесник у среду“ и градот Пула / „Волча ноќ“
  • 1965 Јубилејна плакета по повод 20 годишнината на југословенскиот филм
  • 1966 Орден на трудот со сребрен венец
  • 1967 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Белград за снимателска работа / „Не“ и „Екселенције“
  • 1969 ФЈДКФ, Белград, парична награда за снимателска работа доделена од Орво филм и Дојче камера / „Едно раѓање“ и „Скендербег“
  • 1973 Собранието на град Скопје по повод 10 години од земјотресот, Повелба за континуирано филмско документирање на обновата и изградбата на Скопје
  • 1994 Советот на фестивалот „Браќа Манаки“, Доајен на фестивалот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Михајловски". Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 973. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]