Бранко Костовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Костовски
Роден 24 јули 1924
Скопје, Кралство Југославија
Починал 30 ноември 1994
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање сликар
сценограф

Бранко Костовски (роден на 24 јули 1924 година во Скопје - починал на 30 ноември 1994 година во Скопје) — македонски сликар и сценограф, особено значаен за осовременување на сценографскиот јазик.[1]Автор е на повеќе од 150 сценографии и е еден од најистакнатите македонски сценографи[2] .

Животопис[уреди | уреди извор]

Бранко Костовски учествувал во НОБ. Извесен период студирал на Академијата за применета уметност во Белград (1949). Од 1952 г. работел на сценографијата во МНТ, а паралелно се занимавал и со сликарство. Најзабележителни се неговите сценографии за драма (Вител, 1968; Црнила, 1971; Отепвачка, 1976), опера (Аида, 1982) и балет (Охридска легенда, 1969). Настапувал и на филм, во низа радиодрамски и ТВ програми, емисии од областа на поезијата и др.

Настапил во филмовите: „Мис Стон”, „Солунски атентатори”, „Македонска крвава свадба”, „Истрел”, „Јад” .

Награди[уреди | уреди извор]

  • Награда 11 Октомври за сценографско решение на претставите Живиот труп и Богунемили (1971);
  • Награда на Сојузот на ликовните уметници за применета уметност на Третото меѓународно биенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад,1972);
  • Стериина награда и Златна значка на Фестивалот Стериино позорје за сценографија на претставата Ѕидот, водата (Нови Сад, 1974);
  • Бронзена плакета на Петтото меѓународно триенале за театарска сценографија и костимографија (Нови Сад, 1978);
  • Награда за најдобро сценографско решение на Македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински за сценографија на претставата Бркотница (Прилеп, 1981);
  • Награда на ДЛУПУМ за творечка активност и афирмација на театарската сценографија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Костовски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 745. Text "series " ignored (help)
  2. „Институт за театрологија - Личности“. http://www.mactheatre.edu.mk. Архивирано од изворникот на 2016-03-24. Посетено на 2020-08-16. Надворешна врска во |publisher= (help)