Бранко Анѓиќ
Бранко Анѓиќ (Белград, 1952) е новинар, преведувач и писател.
Биографија
[уреди | уреди извор]Бранко Анѓиќ дипломирал на Филолошкиот факултет во Белград - Оддел за општа книжевност со теорија, а постдипломски студии завршил на Теорија на книжевноста. Работел како новинар, писател и преведувач. Бил уредник и коосновач на книжевното списание „Писмо“ и уредник на „Књижевне новине“. Работел и како дописник за новински агенции и соработник на разни книжевни списанија и други медиуми во Југославија, Србија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Чиле и САД .
Од 1990 година живее во Буенос Аирес. [1]
Дела
[уреди | уреди извор]Автор е на многу романи, раскази и кратки раскази. [2]
Романи и раскази
[уреди | уреди извор]- По свирката
- Лавицата си ги лиже раните
- Како од кабелска
- Ова е вистинска приказна.
- Големината на светот
- Репродукција
Шпанско-американски и аргентински современи праскази
[уреди | уреди извор]Автор е на неколку антологии на шпанско-американски и аргентински современи раскази, заедно со Љиљана Поповиќ Анѓиќ. Пишувал зборници со критички огледи за современата шпанско-американска литература. [1]
- Вавилонската библиотеката
- Антологија на современи латиноамерикански раскази
- Третиот брег на реката: современа шпанско-американска приказна за млади
Преводи
[уреди | уреди извор]Преведувал од шпански и англиски јазик дела од латиноамерикански и северноамерикански писатели, како што се:
- Хорхе Луис Борхес (Лекции од еден еретик)
- Марио Варгас Љоса (Во пофалба на маќеата)
- Габриел Гарсија Маркез (Хроника на една најавена смрт)
- Хозе Доносо (Бесрамна ноќна птица)
- Карлос Фуентес (Аура)
- Ана Марија Шуа (Товарот на искушението)
- Лилијана Хер (Сонце, потоа)
- Хуан Хелман (Избрани песни)
- Педро Хуан Гутиерез (Тропско животно)
- Хозе Ортега и Гасет (Револт на масите)
- Дејвид Седарис (Облечете го вашето семејство во кордуроребраст сомот и тексас)
- Давид Безмозгис (Наташа и други раскази; Слободен свет)
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Блајстен, Исидоро (2014). Мене никад нису пуштали да причам. Зрењанин. стр. 143–144. 285344007
- ↑ „Branko Anđić“. Архивирано од изворникот на 03. 04. 2016. Посетено на 01. 12. 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=(help)