Бранко Ивановски (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранко Ивановски
Роден 1924 година
Скопје, Македонија
Починал 13 ноември, 1944 година
Скопје, Македонија

Бранко Јорданов Ивановски ( 1924 во Скопје13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Завршил основно училиште во родното место. Немајќи услови да го продолжи образованието, станал општ работник. Учествувал во народно-ослободителното движење веднаш по окупацијата. Поради тоа уште во 1943 година бил примен за член на СКОЈ. Стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада и бил распореден во вториот баталјон. Бил назначен за десетар во втората чета. Во партизани го добил прекарот Партало. Во борбите против балистите на терените на Водно - Треска се истакнал со својата храброст. На 13 ноември учествувал во опколувањето на германските утврдени позиции во Учителското училиште. Обидот на Германците да го пробијат партизанскиот обрач, останал безуспешен. Но, во една од тие битки, тој храбро загинал. Бил закопан на скопските rробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 192. На |first= му недостасува |last= (help)