Бранислав Никодијевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бранислав Никодијевиќ.jpg
Роден 12 февруари 1929
Скопје, Македонија Македонија
Починал 21 декември 2009
Скопје, Македонија
Занимање универзитетски професор, фармаколог

Бранислав Никодијевиќ (12 февруари 1929, Скопје - 21 декември 2009, Скопје) — фармаколог, редовен професор, истражувач и основоположник на клиничката фармакологија во Македонија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Бранислав Никодијевиќ бил роден на 12 февруари 1929 година во Скопје. Медицински факултет учел во Прага, Скопје и Загреб. Во 1956 година бил избран за асистент по предметот „Физиологија“ на Медицинскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1972 до 1976 година бил иницијатор и основоположник на Клиничката фармакологија во Македонија, и еден е од основачите на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Во 1975 година бил избран за редовен професор по фармакологија.[1]

Од јавните функции што ги обавувал, меѓу другото бил претседател на Сојузот на фармаколошките друштва на Југославија, прв декан на Фармацевтскиот факултет во Скопје, директор на УЦМН и декан на Медицинскиот факултет во Скопје. По покана, држел предавања на повеќе странски универзитети во САД, Јапонија и Финска. Се пензионирал во 1994 година.

Автор е на повеќе од 130 научни трудови, како и на учебник по Фармакологија. Носител е на: Орден на заслуги за народот со сребрена ѕвезда, Орден на трудот со златен венец, и други награди и признанија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​83-87