Браке (Долен Везер)
Браке
Brake | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Везермарш |
Градоначалник | Михаел Курц (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 38,18 км2 |
Надм. височина | 3 м |
Население | 14.824 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 388 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | BRA |
Пошт. бр. | 26919 |
Повик. бр. | 04401 |
Портал | www.brake.de |
Местоположба на градот Браке во рамките на округот Везермарш | |
![]() | |
Координати | 53°20′0″N 8°29′0″E / 53.33333° СГШ; 8.48333° ИГДКоординати: 53°20′0″N 8°29′0″E / 53.33333° СГШ; 8.48333° ИГД |
Браке (германски: Brake; долногермански: Braak) — град и административно седиште на округот Везермарш, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Браке се наоѓа во средиштето помеѓу градовите Бремерхафен, Бремен, Олденбург и Вилхелмсхафен непосредно на западниот брег на реката Везер. На север се граничи со општината Штадланд, на југ со градот Елсфлет и на запад со општината Овелгене. Градот е опкружен од мочуришта.
Градски единици[уреди | уреди извор]
Градското подрачје на Браке е поделено на 11 градски единици:
- Шмаленфлет (на север)
- Бојтварден, Клипкане (северно од градското јадро, западно од пристаништето)
- Харин (како историско средиште)
- Харирвурп, Хамелвардер Аусендајх, Нордерфелд и Зидерфелд (на запад)
- Кирххамелварден (Хамелварден и Кезебург (на југ))
Историја[уреди | уреди извор]
Терминот „Браке“ првпат се појавил во XIV век, кога необезбеден насип довел до поплава во областа Харир. До XVII век, „Браке“ бил почесто користен како име на местото, отколку како опис за настанот од минатото. Оттаму доаѓаат имињата Бракзил и Харирбраке.
Во 1731 година, старата Фишерхаус (Fischerhaus), најстарата куќа во Браке, била подигната. Во 1756 година, Браке бил првпат запишан во документите како пристаништен град. Во текот на XIX век, Браке станал важен индустриски центар за бродоградба и пристанишните објекти долж Везер биле проширени. Во 1814 година, во Браке бил основан амт. Во 1835 година, Браке бил прогласен за слободно пристанише. Во 1846 година бил поставен телеграф за бродски вести помеѓу Бремен и Бремерхафен. Во периодот 1848–52, Браке била прва база на германската царска флота под водство на адмиралот Карл Рудолф Броми.
На 1 мај 1856 година, Браке добил градски права и истовремено Голцварден и Хамелварден станале општини (од 1913 година делови на градот Браке). Во 1861 година, речното пристаниште започнало со работа. Во 1873 година, Браке бил поврзан на железничката мрежа. Во 1892 година бил изграден кеј.
Во 1960 година бил отворен бродски музеј. Во 1972 година бил отворен културен и спортски центар со градскиот базен.
Во 2006 година, Браке ја прогласил својата 150-годишнина како град.
Политика[уреди | уреди извор]
Градски совет[уреди | уреди извор]
Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 10.001 и 15.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:
Партија | Удел | Места |
---|---|---|
SPD | 35,9% | 11 |
CDU | 28,4% | 8 |
Независна група | 12,2% | 4 |
GRÜNE | 10,4% | 3 |
FDP | 5,9% | 2 |
LINKE | 3,6% | 1 |
ИСИНГ | 2,9% | 1 |
Јенсен | 0,9% | 0 |
Градоначалник[уреди | уреди извор]
На последните избори за градоначалник на 15 јуни 2014 година бил избран Михаел Курц (SPD).
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Од 5 мај 2006 година постои партнерство со градот Цвизел во Баварија.
Знаменитости[уреди | уреди извор]
Најголема знаменитост на Браке „Телеграф“, изградена кула во 1846 година под водство на војводата Паул Фридрих Аугуст од Олденбург како дел од оптичката телеграфска линија помеѓу Бремен и Бремерхафен. Од 1960 година, седиштето на бродскиот музеј е сместено во кулата „Телеграф“.
Познати луѓе[уреди | уреди извор]
- Карл Рудолф Броми (1804–1860) — адмирал
- Арп Шнитгер (1648–1719) — произведувач на оргули
- Георг фон дер Вринг (1889–1968) — сликар
- Герд Ахгелис (1908–1991) —,авијатичар
- Димо Вахе (р. 1973) — фудбалер
- Паул Браке (р. 1970) — уметник и фотограф
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Куќи во градот
-
Панорама на градот
-
Кулата „Телеграф“
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 10. Januar 2014.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Браке (Долен Везер)“ на Ризницата ? |
- Матична страница
(германски)
|
|