Прејди на содржината

Бразилска Висорамнина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бразилска Висорамнина
Планината Педра да Мина во Саун Пауло
Бразилската Висорамнина (обрабена со црвено) на физичка карта на Бразил
МестоКаатинга и Серадо, Бразил
Највисока точка
 – надм. висина
 – координати
Пико да Бандејра
2.891 м
22°28′S 45°00′W / 22.467°S 45.000°W / -22.467; -45.000
Должина3.500 км, ЈЗ × СИ
Површина5.000.000 км2
Геологијависорамнина

Бразилска Висорамнина (португалски: Planalto Brasileiro) — простран географски регион кој го опфаќа најголемиот дел од источен, јужен и централен Бразил, со површина од 4.500.000 км2 (приближно половина од државата).[1][2] Огромен дел од населението на државата (203.062.512 во 2022 г.) живее на висорамнината или во тесните крајбрежни подрачја веднаш до неа.

Регионот е настанат од текови на базалтна лава во древни времиња. Меѓутоа, денес оваа геофизичка активност е дамнешно минато бидејќи тука нема сеизмичка и вулканска активност. Во обликувањето на висорамнината одиграла улога и ерозијата, образувајќи големи седиментни слоеви и абејќи ги планините.

Бразилската Висорамнина се одликува со голема разновидност: регионот има неколку различни биоми, многу различни климатски услови, многу видови почви и илјадници животински и растителни видови.

Највисока точка на висорамнината е Пико да Бандејра во венецот Капарао, со висина од 2.891 м.

Поради нејзината големина и разноликост, Бразилската Висорамнина обично се дели на три главни подрачја:

  • Атлантска Висорамнина — се протега долж источниот брег на Бразил и опфаќа неколку планински венци. Некогаш била речиси целосно обрасната со дождовната Атлантска Шума. Ова е меѓу најбогатите подрачја со биоразновидност во светот, и денес од неа останува само 7,3 %.
  • Јужна Висорамнина — навлегува навнатре во јужните и јужно-централните краишта на земјата. Од плодното земјиште наречено „виолетова земја“ се истураат седиментни карпи делумно покриени со базалтна лава. Големи делови од овој регион биле покриени со Атлантската Шума, а остатокот е зафатен со араукариеви влажни шуми и серадски савани.
  • Централна Висорамнина — ги зазема централните краишта на Бразил, со седиментни и кристални образби. Некогаш 85 % од ова подрачје било обраснато со серадска растителност, од кои само мали делови останале во природна состојба.

Покрај висорамнинските региони, за дел од Бразилската Висорамнина се сметаат неколку соседни или опфатени планински венци. Некои од поважните (од север кон југ) се:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ „Brazilian Highlands“. Encyclopædia Britannica (англиски). Посетено на 5 септември 2022.
  2. ↑ Greenbaum, Harry (2009). Brazil (англиски). Infobase Publishing. стр. 16–18. ISBN 978-1-4381-0490-4.