Бразилиска катедрала
| Бразилиска катедрала Metropolitan Cathedral of Our Lady of Aparecida Catedral Metropolitana Nossa Senhora Aparecida | |
|---|---|
Влезот во катедралата со статуите на четворицата Евангелисти | |
| Религија | |
| Припадност | Римокатоличка |
| Округ | Архитектура на Бразилија |
| Еклизиастичен или организациски статус | Катедрала |
| Локација | |
| Локација | Бразилија, Бразил |
![]() | |
| Географски координати | 15°47′54″S 47°52′32″W / 15.79833°S 47.87556°W |
| Архитектура | |
| Архитект(и) | Оскар Нимаер |
| Тип | Црква |
| Стил | Модернизам |
| Почеток на градба | 12 септември, 1958 |
| Завршена во | 31 мај, 1970 |
| Капацитет | 4000 |
Бразилиска катедрала (португалски: Catedral Metropolitana de Brasília, "Metropolitan Cathedral of Brasília") е римокатоличка катедрала во Бразилија, Бразил, денес е седиште на Архиепископијата во Бразилија. проектирана е од бразилскиот архитект Оскар Нимаер. Катедралата е хиперболоидна конструкција изградена од 16 бетонски столбови, со тежина од по 90 тони. изградена е од 1958 до 1970 година[1].
Опис
[уреди | уреди извор]Катедралата е запишана на списокот на УНЕСКО како светски културни наследства во 1987 година, заедно со целиот град Бразилија, кој е наведен како „уникатен пример за град создаден ex nihilo во 1956 година, и е место што суштински влијаеше на историјата на урбанизмот.
Катедралата има хиперболичната конструкција, изградена е од армиран бетон, а стаклен покрив создава илузија заотвореност кон небото.
Оскар Нимаер катедралата ја конструирал со спојување на шеснаесет идентични бетонски столба високи 40 м. Секој столб има хиперболичен облик и тежи 90 тони, заедно симболизираат раце, подигнати кон кон небото.
Внатрешниот, просторот е целосно отворен со стакло помеѓу столбовите и со сини витражи што се протегаат хоризонтално низ стаклени прегради, како и „лебдечки“ статуи.
Катедралата има четири ѕвона, подарок од Шпанија во 1968 година. Надвор од катедралата има скулптури на евангелистите, а во внатрешноста скулптури на ангели изработени од вајарот Алфредо Чештијатијо[2].
Стилски одлики
[уреди | уреди извор]Оскар Нимаер е еден од најзначајните аритекти на дваесеттиот век. Катедралата во Бразилија е негово врвно дело. Во својот уметнички израз Нимаер реализира дела во бетон, односно во употребата на пренапрегната - натур бетон. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата на разновидните материјали, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил, внесувајќи и одредени асоцијации кои се потпираат на традицијата во градителството не само на Бразил туку воопшто во развојот и традицијата на архитектурата од целиот свет. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки[3].
Литература
[уреди | уреди извор]- Wolf Dorner, Eka Donner: Raumstation Brasília. Erinnerungen an eine Stadt der Zukunft. Pro Business, Berlin 2004, ISBN 3-937343-91-1
- Oscar Niemeyer, un architecte engagé dans le siècle (dir. Marc-Henri Wajnberg, 2001, 60 minutes)
- A Vida É Um Sopro ("Life Is a Breath Of Air") (dir. Fabiano Maciel, 2007)
Галерија
[уреди | уреди извор]Катедрала во Бразилија зад скулптурите на „Четворицата евангелисти“ Ѕвоната веднаш до катедралата Скулптурите на ангели во внатрешноста Катедралата ноќе Внатрешноста на катедралата
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Catedral de Brasília“. Архивирано од изворникот на 2020-12-18. Посетено на 2020-12-15.
- ↑ „História“. Архивирано од изворникот на 2020-09-11. Посетено на 2020-12-15.
- ↑ CATEDRAL METROPOLITANA DE BRASÍLIA
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Бразилиска катедрала“ на Ризницата ? |
