Браво Бенд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Браво Бенд
Bravo Band
Основни податоци
Жанр(ови) Поп
Години активност 2005 — сегашност
Прод. куќа/ќи Нема
Веб-место http://bravoband.com.mk/Makedonski/doma.html

Браво Бенд е македонска музичка група. Бендот е составен од 5 члена Александар Тасевски, Живко Динев, Драган Илиев, Дејан Младеновски и Зоран Киријаковски. Нивната прва промоција ја имаа во шоуто на познатата Македонска водителка Лила Стојановска.

Историја[уреди]

Музичката приказна на Браво Бенд започнува пред три години кога шест млади момци одлучуваат да започнат да чекорат по македонското музичко небо.Прв основач е Ристе Тевдоски и по негова покана влегуваат и Зоран Кирјаковски и Живко Динев и стануваат соосновачи. Започнуваат со настапите по разни дискотеки ширум Македонија. Прво поголемо медиумско претставување им е забележано во емисијата на Лила Стојановска. Потоа се појавуваат на фестивалот Охрид Фест 2006 год. со песната "Лесно ти е Тебе" која станува голем хит[1]. Потоа следува наредниот нивен голем хит "Нека Патам". Потоа заедно со Јован Јованов и Елвир Мекик ја прават песната "Не бих те Мењао" и учествуваат на реномираниот фестивал Сунчане Скале во Херцег Нови каде ја земаат третата награда од стручното жири. Во октомври 2008 година го објавија своето првенче Интро, стилски шаренолик албум, каде се застапени различни стилови се со цел секој од фановите да се пронајде самиот себе.

Моментно, Браво Бенд го сочинуваат 5 членови Александар Тасевски, Живко Динев, Драган Илиев, Дејан Младеновски и Зоран Киријаковски, а нивниот колега Ристе Тевдоски започна своја соло кариера.

Тие зазедоа дел од Скопје Фест 2009 со цел да се изборат за претставување на Македонија на Евровизија. Учествуваа со песната „Девојко“ која за прв пат ја претставија во второто полуфинале и успеаја да влезат во финалето на Македонскиот избор за песна на Евровизија, каде што на крајот завршија на 10 место.

Дискографија[уреди]

Албуми[уреди]

  • Интро (2008)

Песни[уреди]

  • 2006 - Лесно ти е тебе
  • 2007 - Не бих те мењао - (на Српски)
  • 2008 - Нека Патам
  • 2008 - Хронично Луд
  • 2008 - Зимска Молитва
  • 2009 - Девојко
  • 2009 - Било Како Било

Награди[уреди]

  • 3 место на Охрид Фест 2006 (Лесно ти е тебе)[2]
  • Хит на годината - Радио Рос (Лесно ти е тебе)[2]
  • 3 награда на Сунчане Скале 2007 или Бронзена Сирена (Не бих те мењао)[2]
  • Најпопуларни личности на 2007 - ТВ ОРБИС Битола[2]
  • 12 поени од телевотингот на Охрид Фест 2008 (Хронично луд)[2]
  • Најдобар Македонски спот за песната „Нека Патам“ (во изработка на Дејан Миличевиќ) - Златна Бубамара на Популарноста

Наводи[уреди]