Бојарска шапка
Изглед
Бојарска капа (руски: боярская шапка) или капа горлатнаја била крзнена шапка што ја носело руското благородништво помеѓу 15 и 17 век, особено бојарите, за кои таа била знак за нивниот општествен статус. Повисоката шапка означувала повисок статус.
Во просек, била висока еден лакт, имала форма на цилиндар со поширок горен дел, кадифена или брокатна горна страна и главното тело направено од крзно од лисица, куна или самур.
Кога била извадена, шапката често се држела над подлактицата, помеѓу раката и лактот, или се носела како прекривка. Кога биле дома, шапките биле чувани на дрвени држачи украсени со насликани дизајни. [1]
Литература
[уреди | уреди извор]- Киреева Е. В. «История костюма. Европейский костюм от античности до XX века.» Москва. Просвещение. 1976 / Kireeva E. V. The history of costume. European costume from Antiquity into the 20th century. Moscow, Prosvescheniye, 1976.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kirsanova, Raisa. „Russia: History of Dress“. LoveToKnow (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-06-30. Посетено на 2021-01-10.