Бојан Митковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Bojan Mitkovski Photo Portrait Black&White

Бојан Митковски е роден 1981 во Велес, Македонија. На негови 7 години возраст, неговото семејство се преселува во Битола. Основното, средното и висококото образование го завршува во Битола. Дипломира на Машинскиот факултет во Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола во 2006 Година. Уште како студент заедно со својот брат Далибор Митковски во 2002 Година ја формираат компанијата Зага продукција, во која станува раководител во 2006 Година и работи до денес.

Награди освоени на меѓународни наптпревари со Зага Продукција: - 1-во место во категоријата Најдобра Љубовна приказна-видео за 2011 година, на натпреварот организиран од Европската Асоцијација на видеографи на настани. - 2-во место во категоријата Најдобар Од-видео за 2013 година, на натпреварот организиран од Европската Асоцијација на видеографи на настани. - 3-во место во категоријата Најдобар Лет-видео за 2014 година, на натпреварот организиран од Европската Асоцијација на видеографи на настани. - 1-во место во категоријата Најдобри моменти-видео за 2015 година, на натпреварот организиран од Европската Асоцијација на видеографи на настани. - Надобар Видеограф за 2016 на светот, на натпреварот организиран од сајтот www.wedgraphers.com

Во 2013 Зага Продукција го формира сопствениот бренд "Крајна Работилница" кој е бренд на работилници за изучување на техниките на снимање и фотографирање на свадби. Бојан Митковски како директор на Фотографија и раководител на Зага Продукција од 2006 година, има учествувано во својство на предавач на многу работилиници, семинари и саеми на темата Кинематографија на Свадби, ширум целиот свет.