Прејди на содржината

Бојан Илиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојан Илиевски
Лични информации
Датум на раѓање 1 септември 1999(1999-09-01)(26 г.)
Место на раѓање Битола, Македонија
Висина 1.82 м
Положба десен бек, среден бек
Клупски информации
Тековен клуб
Струга
Број 5
Младинска кариера
0000–2018 Пелистер
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
2018–2021 Пелистер 75 (2)
2021-22 Работнички 30 (1)
2022-24 Македонија ЃП 57 (2)
2024– Струга 18 (1)
Меѓународна кариера
2020 Македонија Македонија 21 2 (0)
2022– Македонија Македонија 2 (0)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Bojan Ilievski (роден на 1 септември 1999 година) — македонски професионален фудбалер кој игра како десен бек за Струга во Првата македонска фудбалска лига.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Илиевски дебитирал во сениорскиот фудбал на 14 февруари 2018 година на 18-годишна возраст, играјќи 53 минути за Пелистер во натпреварот против Победа во 19-тото коло од сезоната 2017/18 во Првата фудбалска лига на Македонија.[2] Таа сезона одиграл 15 натпревари, во кои постигнал еден гол и една асистенција. На 7 јуни 2021 година, тој преминал во Работнички каде останал една сезона,[3] пред да потпише за Македонија ЃП[4] каде останал две години до испаѓањето на клубот во Втората македонска фудбалска лига. На 14 јуни 2024 година, Илиевски потпишал за актуелниот шампион Струга[5] кој го ангажирал како засилување за претстојните квалификации за УЕФА Лигата на шампиони 2024/25.

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Илиевски играл за Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година и сениорската репрезентација. Тој дебитирал за сениорскиот тим на 22 октомври 2022 година во пријателски натпревар против Саудиска Арабија.[6] Две години по неговото деби, селекторот на репрезентацијата Благоја Милевски го повикал за два натпревари во УЕФА Лигата на нации 2024/25,[7] и играл во почетниот состав против Фарските Острови.[8]На 22 март 2025 година тој повторно настапи за својата репрезентација против репрезентацијата на Лихтенштајн, на која тој асистираше на голот на Бојан Миовски за 3-0. На 25 март тој беше стартер на мечот против репрезентацијата на Велс во кој се покажа во најдобро светло.

  1. Мрежа, Спортска (14 June 2022). „Македонија ЃП го промовираше Бојан Илиевски“. Македонска Спортска Мрежа. Архивирано од изворникот на 2022-10-29. Посетено на 2022-10-29.
  2. '1 MFL 2017-18 Pobeda vs Pelister'. www.worldfootball.net (англиски). Посетено на 29 October 2022.
  3. „Бојан Илиевски, прво засилување за Работнички“. www.fkrabotnicki.com. Архивирано од изворникот на 2022-10-30. Посетено на 30 October 2022.
  4. „Македонија ЃП на десната бековска позиција го донесе Илиевски“. www.gol.mk. 14 June 2022. Посетено на 20 November 2024.
  5. Gjorshoski, Zoran (13 June 2024). „Шампионот се засили и со Бојан Илиевски!“. Sportsport.mk. Посетено на 20 November 2024.
  6. „Saudi Arabia vs. Macedonia“. macedonianfootball. 22 October 2022. Посетено на 22 October 2022.
  7. „Бојан Илиевски доби дополнителен повика за македонската репрезентација“. 24fudbal.mk. 12 November 2024. Посетено на 20 November 2024.
  8. „North Macedonia - Faroe Islands“. uefa.com (англиски). Посетено на 20 November 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]