Бојан Зафировски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бојан Зафировски (Бојчо, Болан) (Куманово, 1916 - 1948) — македонски комунист, учесник во НОВ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно образование завршил во Куманово, а гимназија учел прво во Куманово, а потоа во Ужице. Во 1935 година се запишал на Правниот факултет во Белград, но во 1937 година ги прекинува студиите, зашто се разболел од туберколоза. Се вратил во Куманово и се вклучил поактивно во работничкото движење.

По фашистичката окупација на Македонија, Зафировски е иницијатор на издавањето на весникот „Дедо Иван“, во кој ќе напише повеќе прилози. По разбивањето на двата кумановски партизански одреди, учествувал во обновувањето на партиската организација во Куманово. Станал и член на Месниот комитет на КПЈ за Куманово. Во летото 1942 година учествувал во издавањето на вториот весник на кумановската организација „Октобрис“. Во летото 1943 година го формира народноослободителниот одбор во Куманово. Поради влошувањето на неговото здравје, во ноември 1943 година заминува на лечење во Сурдулица. Во Куманово се враќа во април 1944 година. Откако му се подобрило здравјето, на 15 август 1944 година заминува во партизани. Назначен е на работа во агитпропот.

По ослободувањето, во 1945 година поради нарушеното здравје, е пензиониран. Во 1948 година, по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото, поради неподготвеност категорично да ја поддржи позицијата на КПЈ, е уапсен од УДБ-а и по неколку дена е убиен. Официјално, извршил самоубиство. Сè уште не е познато каде бил закопан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јордан Цеков - Дане, „Бојан Зафировски - Бојчо“, Скопје, 2006.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]