Прејди на содржината

Бојан Димоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојан Димоски
Димоски (лево) играјќи за македонската репрезентација
Лични податоци
Роден на 23 ноември 2001(2001-11-23)(24 г.)
Роден во Прилеп, Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина 1,76 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Партизан Партизан
Број 21
Младинска кариера
0000–2016 Тетекс Тетекс
2016–2019 Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2019–2020 Вардар Вардар 14 (0)
2020–2023 Академија Пандев Академија Пандев 70 (3)
2023– Акрон Тољати Акрон Тољати 42 (0)
2025-Партизан Партизан 1 (0)
Репрезентација
2018 Македонија Македонија 17 4 (0)
2019 Македонија Македонија 19 5 (0)
2021–2022 Македонија Македонија 21 6 (1)
2022– Македонија Македонија 18 (0)

Бојан Димоски (Прилеп, 23 ноември 2001 ) — македонски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Партизан, на заем од Акрон Толјати, и на македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Во сениорска конкуренција Димоски дебитирал на 24 февруари 2019 година на 17 години, влегувајќи во игра за Вардар на стартот од второто полувреме во натпреварот од Првата македонска фудбалска лига против Ренова.[2] Таа сезона играл уште четири натпревари, што му обезбедило премин од младинскиот во сениорскиот тим. Бојан редовно настапувал во претстојната сезона 2019-2020, што му обезбедило трансфер во Академија Пандев.[3]

На 14 јуни 2023 година, Димоски потпишал долгорочен договор со рускиот прволигашки клуб Акрон Толјати.[4]

На 8 февруари 2025 година, тој му се приклучил на српскиот клуб Партизан на позајмица до крајот на сезоната 2024-2025.[5]

Меѓународна кариера

[уреди | уреди извор]

Од 2018 година Димоски е редовен во повеќето младински репрезентации на Македонија.

Тој го направи своето деби за фудбалската репрезентација на Македонија на 12 јуни 2022 година во Лигата на нации Ц на УЕФА 2022–23 против Гибралтар.[6]

Статистика за кариера

[уреди | уреди извор]
Клуб Сезона Првенство Куп Континетален Други Вкупно
Лига Н Г Н Г Н Г Н Г Н Г
Вардар 2018–19 Прва македонска фудбалска лига 5 0 5 0
2019–20 Прва македонска фудбалска лига 9 0 9 0
Вкупно 14 0 0 0 0 0 0 0 14 0
Академија Пандев 2020–21 Прва македонска фудбалска лига 30 1 3 0 33 1
2021–22 Прва македонска фудбалска лига 14 2 0 0 14 2
2022–23 Прва македонска фудбалска лига 26 0 1 0 0 0 27 0
Вкупно 70 3 4 0 0 0 0 0 74 3
Акрон Толјати 2023–24 Руска прва лига 24 0 2 0 2[б 1] 0 28 0
2024-25 Руска премиер лига 9 0 5 0 14 0
Вкупно 33 0 7 0 2 0 42 0
Севкупно 117 3 11 0 0 0 2 0 130 3
  1. Настапи во промотивен плеј-оф
  1. „ОФИЦИЈАЛНО: Бојан Димоски позајмен во српски Партизан!“.
  2. '1 MFL 2018-19 Renova Vardar Skopje'. www.worldfootball.net (англиски). Посетено на 2022-06-19.
  3. „Бојан Димоски потпиша за Академиа Пандев“. Facebook. Посетено на 2022-06-19.
  4. "Акрон" подписал защитника сборной Северной Македонии“ (руски). FC Akron Tolyatti. 14 June 2023. Архивирано од изворникот на 2023-06-14. Посетено на 2024-06-26.
  5. „Официјално: Бојан Димоски потпиша за Партизан“. ekipa.mk. 7 февруари 2025. Посетено на 21 март 2025.
  6. „North Macedonia vs Gibraltar game report“. UEFA. 12 June 2022. Посетено на 19 June 2022.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]