Бојан Јоргачевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бојан Јоргачевиќ (роден на 12 февруари 1982 година) бил поранешен српски фудбалер кој играл на позицијaта голман.

Кариера[уреди | уреди извор]

Роден бил во Белград, а својата кариера, Јоргачевиќ ја започнал во родниот град, во екипата на ФК Рад.

Гент[уреди | уреди извор]

Јоргачевиќ во сезоната 2007-2008 добил тешка задача за да ја замени тогашната клупска икона на екипата на Гент, Фредерик Херпоел, кој бил чувар на мрежата на составот на КАА Гент во последните десет години. Во првиот натпревар од сезоната, кој за него била и прва година во КАА Гент, на голот стартувал неговиот конкурент Александре Мартиновиќ. Но, токму на тој натпревар Мартиновиќ не оставил добар впечаток и од вториот натпревар до крајот на сезоната Јоргачевиќ бил прв голман на тимот. Бојан му помогнал на Гент да освои многу бодови и добивал голема поддршка од навивачите, но и од тимот.

Од почетокот на сезоната 2008-09, Јоргачевиќ заедно со соиграчот Брајан Руиз, бил вистински главен носител на играта на тимот. Имал добри настапи за екипата и набрзот станал миленик на јавноста во Гент. Тој во еден неделен магазин изјавил дека сака да стане меморијален (историски) играч во тимот на АА Гент. Сезоната билка многу успешна, а Јоргачевиќ потпишал договор со екипата на Гент до 2012 година.

Сезоната 2009-10 била најдобра во клупската историја (до првенството 2014-15). Екипата на АА Гент завршила на второто место во Јупилер Про лигата (по успешниот плеј-оф) и го освоила Купот на Белгија. Јоргачевиќ повторно бил еден од главните играчи на тимот. Заедно со централните одбранбени играчи Шулер и Вилс формирале силен одбранбен бедем. Како последица на тоа, неговата позиција како прв голман никогаш не била загрозена. Јоргачевиќ добил можност да игра и во европските натпреварувања, но не можел да стигне до позицијата прв репрезентативен чувар на селекцијата на Србија, бидејќи на оваа позиција се наоѓал Владимир Стојковиќ. Стојковиќ на крајот на 2010 година добивал помала минутажа па така, Јоргачевиќ за прв пат настапил за својата селекција на 17 ноември 2010 година кога ги одбранил ситу удари кои доаѓале кон неговиот гол. На 10 август 2011 година тој започнал како стартен голман против репрезентацијта на Русија во пријателскиот натпревар. Тоа му бил третиот настап во државната репрезентација.

На 19 мај 2011 година, Бојан поднел оставка на договорот со важност од 2 години кој требало да трае до 2013 година. Очекувањата биле дека тој ќе остане подолго во тимот на Гент.

Бриж[уреди | уреди извор]

Подоцна истата година на ривалската екипа на Клуб Бриж итно му било потребен голман. Бојан Јоргачевиќ потпишал со екипата на Бриж до 2016 година.[1]

Левски Софија[уреди | уреди извор]

На 6 јануари 2015 година, Јоргачевиќ потпишал договор на една година и половина со бугарскиот клуб на Левски од Софија.[2] Својот прв натпревар во групата А за клубот на Левски го имал на 14 март, кога успеал да ја сочува својата мрежа недопрена во победата со 4:0 над составот Марек од Дупница. Овој натпревар се одиграл на стадионот Георги Аспарухов.

Јоргачевиќ потпишал на 26 ноември 2015 година двегодишно продолжување на актуелниот договор со екипата на Левски. Со тоа клубот успеал да го задржи во своите редови до крајот на сезоната 2017-18.[3]

По тренерските промени во сезоната 2016-2017 година, а воедно и тешката повреда, Бојан го загубил местото во тимот што довело до раскинување на неговиот договор и подоцнежно пензионирање. Како резултат на тоа, на 6 септември 2017 година, пред почетокот на натпреварот помеѓу Левски и Лудогорец, Јоргачевиќ се збогувал со клубот на емотивен начин, при што речиси 16.000 навивачи му аплаудирале и го скандирале неговото име.[4]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Во ноември 2010 година, Јоргачевиќ бил повикан во репрезентацијата на Србија, за нивниот пријателски натпревар против селекцијата на Бугарија. Својот прв натпревар го одиграл на 17 ноември 2010 година, играјќи цели 90 минути во победата од 1:0 на гостински терен на Националниот стадион Васил Левски во Софија.

Следната година, тој настапил на четири квалификациски натпревари за ЕВРО 2012 против селекцијата на Северна Ирска, Фарски Острови, Италија и Словенија. На стадионот Виндзор парк во Белфаст на 2 септември 2011 година успеал да ја остави својата мрежа недопрена. Јоргачевиќ ќе биде запомнет по тоа што примил гол во првото полувреме од судиското надополнување, од слободен удар, од страна на фудбалерот Даре Вршич од околу 40 метри оддалеченост. Тој натпревар завршил со резултат од 1:0 за репрезентацијата на Словенија.

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Репрезентација на Србија
Година Натпревари Голови
2010 година 1 0
2011 година 6 0
Вкупно 7 0

Признанија[уреди | уреди извор]

КАА Гент
  • Освоен е Белгискиот куп (1): 2009–10

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bojan Jorgačević to play for Club Brugge until 2016“ (dutch). sporza.be. 9 November 2011.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Serbian goalkeeper Bojan Jorgacevic signed with Levski“. levski.bg. 6 January 2015. Архивирано од изворникот на 6 January 2015.
  3. „Йоргачевич преподписа и каза: Без битка, няма победа“ (Bulgarian). gong.bg. 26 November 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Боян се сбогува официално с Левски, 16 000 скандират името му“ (Bulgarian). sportal.bg. 6 September 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]