Бојана Атанасовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојана Атанасовска-Скендеровски
Роден(а)14 февруари 1984
Скопје, СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, поп, македонска музика
Занимањапејачка, текстописец
Инструментивокал
Период на активност2002–сѐ уште
ИздавачиПродукција Република

Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана (родена на 14 февруари 1984, Скопје) - македонска поп пејачка и текстописец.

Животопис[уреди | уреди извор]

Таа била водителка на емисијата Рифреш, а според неа, пеењето е уште еден предизвик за неа, и сака да проба нешто што отсекогаш го сакала.[1]

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј - потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил "Живеј со прашањето", со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст). Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната "Немам одбрана" и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, влашкиот натпревар "Fantana Di Malama" со песната "Ќе полудам" на влашки јазик, и натпреварот "Марко Поло" во Хрватска.

Бојана издала еден албум наречен "Целосно ти припаѓам". Во 2006, таа настапила на изборот за Евровизија со три песни, што предизвикало шпекулации дека натпреварот е наместен. Во финалето победила Елена Ристеска со песната "Нинанајна". Бојана издала и неколку дуети, вклучувајќи соработка со Ѓоко Танески и со црногорската група "No name" и песната "Моја мала".

Таа студирала на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Во моментов е водителка во емисијата "Улица Македонија".[2]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Целосно ти припаѓам (2005)
  • Во дилема (2008)

Синглови[уреди | уреди извор]

  • Живеј со прашањето
  • Око мое
  • Ќе полудам
  • Отплакано најмило мое
  • Немам одбрана
  • Да ми паднеш и на колена
  • Стара добра, боса нова (feat. Ѓоко Танески)
  • Моја мала (feat. No name)
  • Заљубена до крај
  • Кон небото
  • Дилема (feat. Роберт Билбилов & Тони Зен)
  • Зборови

Спотови[3][уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Око мое
Стара нова боса нова
Заљубена до крај
Немам одбрана
Кон небото
Светлина на мојот пат
Во дилема 2007
Нема јас да сфатам 2008
Зборови лажни 2008
Победио си ти 2011. Дарио Јанковиќ
Најмил мој 2015. Томато продукција
Овој миг 2016.
Круна 2020. Скендеровски Продукција
Зад завесите 2022. ALEXANDER
Среќа и несреќа 2022. Billy D.
Море сокол пие 2022. Дарио Јанковиќ
Докажи 2022. Александар Ристовски-Принц
Заветна 2023. Бојана Скендеровски
Лажни светови 2024. Бојана Скендеровски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бојана Атанасовска“. web.archive.org. 2012-05-11. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „БОЈАНА АТАНАСОВСКА ЗА ЕМИСИЈАТА „УЛИЦА МАКЕДОНИЈА" И ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Со ќерка ми Искра, заборавив на себичноста“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-10-04.
  3. „Портфолио на учесникот Бојана Атанасовска“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-09-30.