Бошко Маневски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бошко Лаврентиев Маневски ( 1921 во Волково, Скопско1945 во Антуновац, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која заминал по планинските терени на Косово во борба против балистичките банди. По успешното извршување на овие борбени задачи заминал за Срем, каде со успех завршил воено-политичка настава. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт, а потем во борбите за ослободување на Хрватска. При ослободувањето на Антуновац, храбро загинал, во пролетта 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 87. На |first= му недостасува |last= (help)