Бошко Бабиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бошко Бабиќ
Роден 16 јануари 1924
Босанска Градишка,  Кралство Југославија
Починал 11 јануари 1998
Прилеп,  Македонија
Националност македонец, србин,
Занимање археолог


Бошко Бабиќ (16 јануари 1924, Босанска Градишка 11 јануари 1998, Прилеп, Македонија) — македонски археолог[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал историја на уметноста во Белград (1955), а докторирал на Универзитетот во Лублин, Полска (1980). Основач на Народен музеј во Прилеп и негов директор (1955–1980). Основач и директор на Институтот за старословенска култура во Прилеп (1980–1989). Организира повеќе ликовни колонии (вајарство во дрво и мермер). Уредник на списанието за култура „Стремеж “. Претседател на САДЈ (1972–1976). Основач на МАНД (1970) и негов прв претседател. Воспоставува соработка со археолошки и со конзерваторски институции од Полска.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во долгогодишната научно-истражувачка активност зад себе оставил голем број на стручни трудови. Добитник бил на голем број домашни и меѓународни награди, признанија и ордени. Покрај делувањето во струката, учествувал во севкупниот културен живот во Прилеп и пошироко. Активно учествувал во работата на списанието „Стремеж” , како долгогодишен член на редакцијата и во еден период и како негов главен уредник. Бошко Бабиќ бил и прв претседател на театарските игри “Војдан Чернодрински”. Автор бил на повеќе филмски и телевизиски сценарија, елаборати и проекти.

Во рамките на меѓународниот проект “Енциклопедија на раната историја на Европа” тој бил координатор за СФР Југославија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]