Долно Ботушје

Координати: 41°43′27″N 21°5′50″E / 41.72417° СГШ; 21.09722° ИГД / 41.72417; 21.09722
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ботушје (Долно))
Долно Ботушје
Долно Ботуше

Поглед на горниот дел на селото

Долно Ботушје во рамките на Македонија
Долно Ботушје
Местоположба на Долно Ботушје во Македонија
Долно Ботушје на карта

Карта

Координати 41°43′27″N 21°5′50″E / 41.72417° СГШ; 21.09722° ИГД / 41.72417; 21.09722
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03006
Надм. вис. 1.061 м
Слава Голема Богородица
Долно Ботушје на општинската карта

Атарот на Долно Ботушје во рамките на општината
Долно Ботушје на Ризницата

Долно Ботушје (познато и како Долно Ботуше) — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Гостивар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.140 метри.[2]

Селото е сместено на левата страна на Ботушка Река, десна притока на Мала Река. Реката ја исцртува северната атарска граница. Селото е свртено кон југ. Малку ниви се наоѓаат околу селото, додека шума има над селото.[3] Селото се наоѓа на источните падини на планината Добра Вода.

Во минатото, селото Ботушје претставувало една целина, поделено на два краеви: Горно и Долно Ботушје, оддалечени едно од друго 3 километри. И во двата дела куќите биле поделени на групи (маала), вообичаено групирани по родови, како што и се нарекувале.[3]

До Долно Ботушје води земјен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото е старо. Во него малкумина се доселиле низ годините.[3]

Во XIX век, Долно Ботушје било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.

Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот е заеднички со селото Горно Ботушје и зафаќа површина од 26 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.628,7 хектари, потоа следи обработливото земјиште на површина од 412,7 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 384,3 хектари.[2]

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948422—    
1953491+16.4%
1961511+4.1%
1971443−13.3%
1981164−63.0%
ГодинаНас.±%
199168−58.5%
199451−25.0%
200234−33.3%
20216−82.4%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 57 семејства и 4 неженети, сите христијани.[5]

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Ботуше (Горно и Долно) (Bétouché) имало 26 домаќинства со вкупно 108 жители Македонци.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ботуше (Горно и Долно) имало 410 жители Македонци христијани.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ботушје (Горно и Долно) имало 400 жители.[8]

На почетокот на XX век целото село потпаднало под српската пропаганда. Според митрополитот Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Ботуше има 46 „српски“ куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]

Од Долно Ботушје се иселил значителен број од неговото население, така што, селото прераснало од средно во мало село по големина. Во 1961 година селото броело 511 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 51 жител, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Ботушје имало 34 жители, сите Македонци.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 5 Македонци и 1 лице без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 410 400 422 491 511 443 164 68 51 34 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Долно Ботушје е македонско православно село.[3]

Родови во селото се: Ралушина (10 к.), Ѓулковци (3 к.) и Јанчевци (7 к.), староседелски родови; Аслана (15 к.), потекнуваат од некој говедар, кој дошол, но не се знае откаде; Сејдија (8 к.), водат потекло од некој Сејдија, кој е доселен, но не се знае откаде.

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Долно Ботушје се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Заград, Здуње, Косово, Растеш и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0251 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[17]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[18] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[19]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[21]
Манастири

Личности[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 104. Посетено на 16 март 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 329.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 235
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
  7. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.258.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  9. Попис на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 16 март 2021.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  18. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 март 2021.
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 22,4 22,5 22,6 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]