Ботаничка градина „Балчик“
Ботаничка градина Балчик | |
---|---|
Вид | ботаничка градина |
Место | Бугарија |
Површина | 194 хектари |
Создаден | 1955 |
Отворен | да |
Универзитетската ботаничка градина во Балчик — ботаничка градина која се наоѓа во Балчик, Бугарија и истата е на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.
Таа била основана во 1955 година. Денес опфаќа површина од 194 декари и голем дел од нејзината територија има заштитен статус според Законот за заштитени територии на Бугарија. Во рамките на заштитената територија, специјалисти и аматери можат да ги набљудуваат природните екосистеми и богатата биолошка разновидност во регионот. Ботаничката градина е вклучена во 100-те национални туристички објекти на Бугарија.
Во составот на градината се наоѓа и палата која била користена како летна резиденција од страна на романската кралица Марија, кога оваа област била во составот на Романија во почетокот на XX век.
Во 1955 година паркот бил доделен на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ за создавање на ботаничка градина, која започнала да се гради под раководство на акад.п роф. Даки Јорданов. Постепено објектот ја променил својата функција и од парк со претставителни функции бил претворен во ботаничка градина - институција со научни и образовни функции и отворена за широк јавен пристап.
Од 2005 година Универзитетски ботаничка градина отворила своја адаптирана градина наменета за посета од лицата со хендикеп. Таа била официјално отворена по повод нејзиниот 50-годишен јубилеј.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ботаничка градина „Балчик““ на Ризницата ? |