Бостонци (филм од 1984)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бостонци“ (англиски: The Bostonians) – британско-американски филм од 1984 година, во режија на Џејмс Ајвори, по сценариото на Рут Проер Џабвала (Ruth Prawer Jhabvala), заснован на истоимениот роман на Хенри Џејмс. Продуцент на филмот е исмаил Мерчант, а главните улоги ги толкуваат: Кристофер Рив, Ванеса Редгрејв (која била номинирана за „Оскар“, Џесика Тенди, Медлин Потер и Весли Еди.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот започнува во 1875 година, во Бостон, каде редовно се собираат десетина жени од високото општество. Тие се приврзаници на борбата за укинување на ропството и на суфражизмот, т.е. на движењето за рамноправност на жените со мажите. Една од главните членки на тоа друштво е Олив Чанселор (ја игра Редгрејв) која ја посетува далечниот роднина Бејсил Ренсом (го игра Рив). Тој работи како адвокат во Њујорк, а потекнува од јужните делови на САД и поради тоа застапува конзервативни ставови за жените и за бракот. На една средба кај госпоѓата Брдзај (ја игра Тенди), младата Верена тарант (ја игра Потер) одржува одличен говор и ги воодушевува сите присутни, а веднаш го привкелува вниманието и на Ренсом. Воодушевената Олив станува блиска со Верена и ја прима во својот дом при што му дава пари на нејзиниот татко за да остави ќерката под нејзино покровителство. Со текот на времето, Верена станува позната по своите говори, а Олив, пак, е сè повеќе посесивна и бара од неа да се заколне дека никогаш нема да се омажи и нема да ја напушти. Ренсом стапува во контакт со Верена и се обидува да ја заведе, а Олив постојано се обидува да ја попречи нивната врска. Истовремено, за Верена се интересираат и други млади луѓе, вклучувајќи и едно момче од богато семејство кое ѝ нуди брак. Меѓутоа, Верена бара од Олив да го напуштат Њујорк и тие се селат подалеку од градот. Набргу, таму пристигнува Ренсом, кој отворено ѝ ја изјавува својата љубов на Верена и бара од неа да се откаже од женското движење. Верена е во дилема: од една страна, таа го сака Ренсом, но од друга страна, нема сила да ѝ се спротивстави на Олив. За да го елиминира Ренсом, Олив ја преселува Верена на друго место. Неколку месеци, Ренсом е во потрага по неа, а еден ден купува билет за јавниот настап на Верена, која во меѓувреме ги полни салите со своите говори. Кога Верена го здогледува Ренсом во публиката, веднаш ја губи силата и не може да го одржи говорот, а Ренсом е упорен и влегува во гардеробата, ја зема Верена со себе и двајцата ја напуштаат салата заедно. Разочараната публика ја напушта салата, а тогаш Олив излегува на бината и држи говор за правата на жените.

Наводи[уреди | уреди извор]