Прејди на содржината

Босонога

Од Википедија — слободната енциклопедија

Босонога (германски: Barfuss) — филм на германскиот глумец и режисер Тил Швајгер, кој беше прикажан во 2005 година. Тоа е романтична комедија во која се раскажува за Ник (Тил Швајгер), хедонист, кој се вљубува во Лејла, пациентка која побегнала од ментална болница, опишана од Јоана Вокалер. Тил Швајгер учествуваше во пишувањето на сценариото за филм.

Дејствие[уреди | уреди извор]


За животот на Ник Келер тешко може да се каже дека е добро среден. Тој скока од едно привремено работно место на друго и има сериозни проблеми со Хенрих, неговиот богат и влијателен очув, а исто и со неговиот брат Виктор. Последната привремена работа на Ник е како чистач во психијатриска клиника, каде тој ќе ја спречи босоногата пациентка Лејла од извршување самоубиство. Приказната на Лејла исто така е компликувана. Првите деветнаесет години од нејзиниот живот е чувана затворена дома од страна на мајка и. По смртта на мајка и таа е сместена во клиника, но очајно сака да си оди од таму. Во секој случај Лејла ментално е сè уште дете,на пример сè што ќе ѝ се каже сфаќа буквално и не сака физички контакт со непознати. Неочекуваната последица од делото на Ник е дека Лејла ќе го следи тајно нејзиниот спасител и навечер ќе се појави на неговата врата во ноќница и повторно боса.

Откако Лејла постојано одбива да се врати во клиниката, таа и Ник одат заедно на пат со цел да присуствуваат на свадбата на неговиот брат и поранешната девојка на Ник. За време на патувањето врската помеѓу нив значително се продлабочува. Сепак, по неколку сериозни несогласувања со неговото семејство, Ник повторно се обидува да ја врати Лејла во болница. Притоа тој ќе мора да си признае себеси дека се заљубил во Лејла.

Ник ќе биде уапсен за обид за киднапирање и Лејла ќе биде вратена во клиниката. Ник ќе се преправа дека има ментални проблеми за да може да може да го сместат во клиниката и да биде со Лејла, но докторката ќе го одобри тоа дури откако Лејла повторно ќе се обиде да се самоубие. Во последната сцена се прикажани двајцата како купуваат во супермаркет, неколку месеци подоцна откако ги пуштиле од клиниката.

Критички осврт[уреди | уреди извор]


И покрај некои критики од гледачите, филмот беше добро прифатен и награден на манифестацијата „Најдобар германски филм за 2005“ со „Бамби“ наградата (German Media Award Bambi).