Прејди на содржината

Босански планински коњ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Босански планински коњ
Босански планински коњ
Други називигласиначки, подвелешки
ПотеклоБосна и Херцеговина
Коњ (Equus ferus caballus)

Босански планински коњ (босански: Bosanski brdski konj / Босански брдски коњ)[1] — единствената автохтона пасмина на домашен коњ во Босна и Херцеговина, каде што сочинува околу 70 % од населението на коњи. Тој е мал коњ и се користи и како товарно и за јавање. Бројот животни од оваа пасмина бил сериозно намален за време на Босанската војна од 1992 до 1995 година и, за разлика од населенијата на други домашни животни, продолжил и по војната.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]
На државното ергеле Борика

Селективно одгледување на босанскиот планински коњ започнало во ергелето Горажде во 1908 година. Главни средишта за селекција на сојот биле ергелињата на Борика, во општина Рогатица и Хан Пијесак. Биле воспоставени три линии на пастуви – Аган, Барут и Мишко – и девет линии на кобили. Линијата Аган е изгубена, а линиите Барут и Мишко се силно измешани. За подобрување на босанскиот планински коњ во ергелето Борика биле користени арапски пастуви.[2]

Постојат два вида во пасмината. Гласиначкиот вид има значително арапско влијание, именуван е по висорамнината Гласинац на планината Романија, во источниот дел на Република Српска.[3][4]:35Помал вид, подвелешки, се среќава во Херцеговина.[5]

Популациите на коњи - како и оние на другите фарми - претрпеле големи загуби за време на Босанската војна од 1992 до 1995 година. Во Федерацијата на Босна и Херцеговина, вкупниот број на коњи паднал од 46.268 во 1990 година на 16.080 во 1995 година, а до 2002 година дополнително паднал на 7.014 или околу 15% од предвоениот број. И во Република Српска, бројот на коњи паднал, иако не толку стрмно. Севкупно, бројот на коњи во Босна и Херцеговина паднал за 68% помеѓу 1990 и 2002 година.[2]

Пасмината не е значително засегната од увозот на странски коњи. Во некои области тоа е главното, па дури и единственото превозно средство.[2]

Истражувањето на 3.800 коњи во 1950-тите покажал дека најчести по боја се доратите, со 38% од вкупниот број, проследено со сивците (28%), вранците (18%), кулаши (13%), алати (3%) и шарци (0,13%).[6]

  1. Breed data sheet: Bosnian Mountain / Bosnia and Herzegovina (Horse). Domestic Animal Diversity Information System of the Food and Agriculture Organization of the United Nations. Accessed June 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 [State Veterinary Administration of Bosnia and Herzegovina] (s.d.). Animal genetic resources in Bosnia and Herzegovina, annex to The State of the World's Animal Genetic Resources for Food and Agriculture. Rome: Commission on Genetic Resources for Food and Agriculture, Food and Agriculture Organization of the United Nations. ISBN 9789251057629. Archived 23 June 2020.
  3. Breed data sheet: Glasinacki / Bosnia and Herzegovina (Horse). Domestic Animal Diversity Information System of the Food and Agriculture Organization of the United Nations. Accessed June 2023.
  4. Waltraud Kugler (2009). Rare Breeds and Varieties of the Balkans: Atlas 2009. St. Gallen, Switzerland: Monitoring Institute for Rare Breeds and Seeds in Europe. Archived 27 November 2018.
  5. Breed data sheet: Podveleski / Bosnia and Herzegovina (Horse). Domestic Animal Diversity Information System of the Food and Agriculture Organization of the United Nations. Accessed June 2023.
  6. Fahrudin Hrasnica (1957). Die Auswertung der Erbtypen in der Züchtung des bosnischen Gebirgspferdes (in German). Zeitschrift für Tierzüchtung und Züchtungsbiologie. 70 (2): 163–174. doi:10.1111/j.1439-0388.1957.tb01042.x.