Борјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борјани
Άγιος Αθανάσιος
Борјани is located in Грција
Борјани
Борјани
Местоположба во областа
Борјани is located in Доксат
Борјани
Местоположба на Борјани во Општина Доксат и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°4′N 24°14′E / 41.067° СГШ; 24.233° ИГД / 41.067; 24.233Координати: 41°4′N 24°14′E / 41.067° СГШ; 24.233° ИГД / 41.067; 24.233
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаДоксат
Надм. вис.&1000000000000004500000045 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно3.150
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Борјани (грчки: Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Драма и на 4 километри јужно од Доксат.

Селото се наоѓа на надморска височина од 45 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на 19 век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Селото било населено со христијани и муслимани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 400 жители Турци, 120 Власи и 150 цигани[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 583 жители[4] , додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 1068 жители[5].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било прекрстено во Агиос Атанасиос[6].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле сместени 452 грчки семејства со 1943 лица[7]. Во 1928 година, бројот на населението бил 2088 лица, додека во 1940 година селото броело 2886 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 3046 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 3124 жители, во 1971 година имало 2645 жители, во 1981 година имало 3013 жители, додека во 1991 година имало 3553 жители[5]. Денеска, населението на селото е 3150 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 2886 3046 3124 2645 3013 3553 3465 3150
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]