ФК Борусија Дортмунд

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Борусија Дортмунд)
Борусија Дортмунд
Logo
Целосно имеБалшпил-Фераин Борусија 1909 е.В. Дортмунд
ПрекарМилионери и Црно Жолти
Основан19 декември 1909
СтадионСигнал Идуна Парк
Капацитет80.720
ПретседателГерманија Рајнхард Раубал
ТренерШвајцарија Лусиен Фавр
ЛигаБундеслига Бундеслига
2021/22Бундеслига, 2.
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Борусија Дортмунд (германски:Borussia Dortmund или BVB) е германски фудбалски клуб од градот Дортмунд. Својте натпревари тимот ги игра на Сигнал-Идуна Парк Стадионот, кој е со капацитет од 80.720 гледачи. Тимот е основан на 19-ти декамври 1909 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Клуб е настанат во пиварата „Цум Вилдшиц“ (-{Zum Wildschütz}-), кога една група на студенти ја напуштиле црковната фудбалска екипа и на новиот тим му го дале името по локалната пивара. Стандардната жолто-црна комбинација Борусија ја добила на 1 февруари 1913, но славата на тимот доаѓа дури по Втората светска војна, затоа што во тој период владее тимот на Шалке 04 кој доаѓа од соседниот град на Дортмунд, Гелзенкирхен. Во триестетите години тимот влегува во третата лига и го добива сегашното име.

Најуспешниот период на тимот доаѓа мво 50-тите и 60-тите, кога Борусија освојува две титули шампион на Германија во 1956 и 1957 во 1961 го губат финалето за титулата, а во 1963 тие ја освојуваат последната своја титула пред да биде формирана Бундеслигата.

Тие се основачи на новата лига наречена Прва Бундеслига заедно со уште 15 други тимови и во неа влегуваат како актуелни шампиони. Тие исто така го постигнуваат и првиот гол во новата лига.

Благодарение на тренерот Отмар Хицфелд и големите влогови, со кој многу германски играчи се вратени од Италија, Борусија во текот на 90-тите константно е кандидат за титулата, а наслови се освоени 1995 и 1996 година. Следената сезона во лигата проаѓа многу лошо за тимот, но е освоена титулата во Лигата на шампионите која им носи голема слава. После двојната победа над Манчестер Јунајтед во полуфиналето, противник во финалето на Дортмунд му беше Јувентус. Најценетиот тим на епохата е победен во Минхен со резултат 3:1, меѓу кој е постигнат и еден прекрасен гол на Ларс Рикен.

На следниот успех Милионерите, чекаа до сезоната 2001-2002 кога тимот станува шампион на Германија земајќи му ја титулата пред нос на тимот на Баер Леверкузен, кој таа сезона беше најголем губитник бидејќи покрај титулата во државното првенство тие го загубија и финалето во Лигата на Шампионите и во Купот на Германија. Во истата година Борусија е и финалист во Купот на УЕФА, но загуби од холандскиот Фејенорд. Покрај овие успеси тимот паѓа во финансиска криза иако останува да игра во Бундеслигата (не испаѓа од лигата) веќе не се во главна улога и не се во трка за врвот.

Тешкиот период за клубот завршува во сезоната 2010-2011 кога тие предводени од Јирген Клоп стигнуваат до новата титула шампион на Германија, која што е 7-ма во нивната историја.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 18 февруари 2020 [1][2]
Бр. Позиција Играч
1 Швајцарија ГМ Грегор Кобел
2 Шпанија ОД Матеу Мори
4 Франција ОД Соумаила Кулибали
5 Франција ОД Дан-Аксел Загаду
7 САД СР Џио Рејна
8 Германија СР Махмуд Дауд
9 Норвешка НП Ерлинг Холанд
10 Белгија СР Торган Азар
11 Германија НП Марко Ројс
13 Португалија ОД Рафаел Гуереиро
14 Германија ОД Нико Шулц
15 Германија ОД Матс Хумелс
16 Швајцарија ОД Мануел Аканџи
18 Германија НП Јусуфа Мукоко
19 Германија СР Јулиан Брандт
Бр. Позиција Играч
21 Холандија НП Донјел Мален
22 Англија СР Џуд Белингам
23 Германија СР Емре Чан
24 Белгија ОД Томас Муние
25 Германија ГМ Лука Унбехаун 2[›]
27 Германија НП Штефен Тигес
28 Белгија СР Аксел Витсел
29 Германија ОД Марсел Шмелцер
30 Германија СР Филикс Паслак
32 Гвинеја СР Абдулае Камара
35 Швајцарија ГМ Марвин Хиц
36 Германија НП Ансгар Кнауф
37 Германија СР Тобијас Рашл
38 Швајцарија ГМ Роман Бурки
39 Германија СР Мариус Волф

Титули[уреди | уреди извор]

Домашни[уреди | уреди извор]

  • Бундеслига Бундеслига (8) : 1955-56, 1956-57, 1962-63, 1994-95, 1995-96, 2001-02, 2010-11, 2011-12.
Вицешампиони : 1948–49, 1960–61, 1965–66, 1991–92, 2012-13.
Вицешампиони : 1962–63, 2007–08.
Вицешампиони : 2011

Меѓународни[уреди | уреди извор]

Вицешампиони : 2012-13
Вицешампиони : 1992–93, 2001–02
Вицешампиони : 1997

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „First Team“. bvb.de. Посетено на 27 July 2019.
  2. „Borussia Dortmund - Kader“ (германски). bundesliga.com. Архивирано од изворникот на 2020-09-12. Посетено на 27 July 2019.