Борос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Борос е град во југозападниот дел на Шведска. Градот се наоѓа во областа Вестра Јеталанд, каде што е втор најважен град. Борос истовремено е и седиште на истоимената општина.

Природни услови[уреди | уреди извор]

Градот Борос се наоѓа во југозападниот дел на Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 410 километри, југозападно. Од првиот поголем град, Гетеборг, оддалечен е за 60 км на исток.

Релјеф : Борос се развил во областа наречена Западен Јеталанд. Градската област е со мошне разнишано тло. Надморската височина на градот изнесува околу 140 м.

Климата во Борос е континентална со влијание на морето и Голфската струја. Затоа, зимите се поблаги, а летата се посвежи во однос на географската широчина.

Води : Борос се наоѓа на реката Вискан, која се движи низ градот и предсставува негов симбол. Бреговите на реката се убааво средени и представуваат туристичка атракција.

Историја[уреди | уреди извор]

Областа Борос била населена уште во праисторијата. Населбата која била формирана во средниот век, добила градски права во 1621 година, а истите ги дал шведскиот крал Густав II Адолф.

Борос четири пати бил оштетен поради големи пожари : 1681, 1727, 1822 и 1827 година.

Борос доживува брз развој во втората половина на 19 век со појавата на индустријата и железницата. Градот е во развој сѐ до денес.

Популација[уреди | уреди извор]

Борос денес е град со средна големина. Има околу 66.000 жители (податоци од 2010 година), а градското, урбано подрачје т.е. истоимената општина има околу 104.000 жители (податоци од 2012 г.). Населението во градот благо се зголемува во последните децении.

До средината на 20. век Борос го населувале исклучиво Швеѓаните. Меѓутоа, со зголемувањето на имиграцијата во Шведска, населението во градот станало поразновидно.

Економија[уреди | уреди извор]

Денес, Борос е модерен град со развиена индустрија, особено хај-тек индустријата (има значајни „Ериксон “ погони во градот). Во последните две децении особено се развија трговијата и туризмот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]