Борнејска мачка
Борнејска мачка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Felidae |
Род: | Pardofelis |
Вид: | P. badia |

Борнејска мачка (лат. Pardofelis badia) е еден вид на мали мачки, која е ендемска врста на островот Борнео. Класифицирана е како загрозен вид поради големиот пад на популацијата предизвикан од губење на живеалиштата.
Опис
[уреди | уреди извор]
Наликува многу на азиската златна мачка, но е многу помала од неа. Крзното и е светло кафевкасто по боја . Опашката и е долга и зашилена на крајот, а на неа има голема бела лента. Ушите и се заоблени.
Помеѓу 1874 и 2004 година биле измерени само дванаесет примероци. Должина на телото се движела од 49,5 до 67 сантиметри, додека на опашката 30-40, 3 сантиметри. Се претпоставува дека возрасните единки тежат околу 3-4 килограми, но премалку единки се измерени за да се добие посигурна проценка.
Главата и е кратка и заоблена, со темно сива боја и има две темни ленти од аголот на секое око. На задниот дел од главата има темна дамка во форма на буквата "М". Пропорциите на телото и многу долгата опашка и даваат на оваа мачка изглед кој потсетува на јагуарунди.[1]
Екологија и однесување
[уреди | уреди извор]Таинствениот и ноќен начин на живот, а можеби и малата густина на популацијата на борнејската мачка се можни причини зошто е многу тешко да се види. Ништо не е познато за нејзината исхрана и репродуктивно однесување.[1]
Живеалиштето на борнејските мачки се шуми и мочуришни подрачја. Освен на островот Борнео во Индонезија, се среќава и во Малезија и Брунеј.
Во периодот меѓу 2003 и 2006 година била снимена само една фотографија на борнејска мачка и тоа во тек на 5034 ноќи.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Sunquist, M., Sunquist, F. (2002). Wild cats of the World. Chicago: University of Chicago Press. стр. 48–51. ISBN 0-226-77999-8.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (англиски) IUCN Cat Specialist Group: Bornean Bay Cat Архивирано на 9 јануари 2022 г. Arhivirano 2022-01-09 na Wayback Machine-u
- (англиски) Indian Tiger Welfare Society Arhivirano 2016-05-22 na Wayback Machine-u
- (англиски) BBC 2008: Bay cat, Bornean red cat, Bornean marbled cat