Борна (кнез)
Изглед
Борна | |
---|---|
Кнез на Хрватска | |
На престол | ок. 810–821 |
Претходник | Вишеслав |
Наследник | Владислав |
Починал(а) | помеѓу јануари и октомври 821[1] |
Вероисповед | христијанство |
Борна бил кнез на Хрватска од ок. 810 до 821 и вазал на Франската империја. Неговата престолнина била Нин и владеел со Хрватите во северна Далмација2.[2]
Претходник на Борна бил Вишеслав, кој веројатно бил негов татко.[3] По неговата смрт во 821, го наследил неговиот внук Владислав.
Се споменува во Аналите на Франкското Кралство (Annales regni Francorum) во записите од 818–821. Неговите титули биле „Кнез на Гудушчаните“ (племе од Лика и северна Далмација)[4][5] во 818; „Кнез на Далмација“ во 819; „Кнез на Далмација и Либурнија“ во 821. Историографијата го третира како владетел на Далматинска Хрватска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Živković 2011, стр. 390.
- ↑ John Van Antwerp Fine: The Early Medieval Balkans: A Critical Survey from the Sixth to the Late Twelfth Century, 1991, p. 255
- ↑ Lučić, Josip (1989), „Borna“, Croatian Biographical Lexicon (HBL) (Croatian), Miroslav Krleža Lexicographical InstituteCS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ „Gačani“. Croatian Encyclopedia. Посетено на 10 October 2019.
- ↑ Ćošković, Pejo (1998). „GAČANI (Guduscani)“. Croatian Biographical Lexicon. Посетено на 10 October 2019.