Борна Ќориќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борна Ќориќ
2014-11-12 2014 ATP World Tour Finals Borna Coric receiving trophy for ATP Star of tomorrow 2014 2 by Michael Frey.jpg
Ќориќ во ноември 2014
Земја  Хрватска
Место на живеење Загреб, Хрватска
Роден на 14 ноември 1996 (1996-11-14) (22 г.)
Роден во Загреб , Хрватска
Спорт Tennis pictogram.svg Тенис
Висина &100000000000001880000001,88 м
Професионалец 2013
Игра со • десна рака
• дворачен бекхенд
Тренер(и) Жељко Крајан (2014–2015)
Томас Јохансон (2015–сеуште)
Заработка $ 5,311,859
Поединечно
Победи-порази 118–106
Титули 0
Највисок пласман Бр. 12 (5 ноември 2018)
Моментално место Бр. 12 (5 ноември 2018)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан Опен 1К (2015)
Ролан Гарос 3К (2015)
Вимблдон 2К (2015)
УС Опен 2К (2014)
Во двојки
Победи-порази 4-12
Титули 0
Највисок пласман Бр. 413 (7 ноември 2016)
Моментално место Бр. 771 (5 ноември 2018)
Ажурирано на: 5 ноември 2018.

Борна Ќориќ (роден на 14 ноември 1996 г.) е хрватски професионален тенисер.[1] Негово највисоко место на АТП листата е 12. место кое го постигнал на 5 ноември 2018 година. Ќориќ моментално е најмладиот играч во најдобрите 14 на АТП листата.

Јуниор[уреди | уреди извор]

Во септември 2013, Ќориќ победил на јуниорскиот турнир од Отвореното првенство на САД, забележувајќи победа над Танасиј Кокинакис во три сета. Со овој резултат, тој се искачил на 1. место на светската јуниорска ранг листа.[2][3] Тој исто така освоил 5 фјучерс турнири.

Јуниорски Гренд Слем резултати:

Австралија Отворено првенство на Австралија: Полуфинале (2013)
Франција Отворено првенство на Франција: Полуфинале (2013)
Обединето Кралство Вимблдон: Четвртфинале (2013)
САД Отворено првенство на САД: Победник (2013)

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

2013[уреди | уреди извор]

Во 2013, Ќориќ бил избран во хрватскиот Дејвис куп тим за плеј-оф натпреварот за влез во Светската лига против Обединетото Кралство. Тој му се спротиставил на светскиот бр. 3, Енди Мари но загубил во три сета.

2014[уреди | уреди извор]

Во април, Ќориќ го победил 21. играч во светот Јежи Јанович на првиот ден од Дејвис куп дуелот меѓу Хрватска и Полска. Во мај, тој стигнал до полуфинале на челинџер турнир во Кина, со што го подобрил својот ранг.

Во јули, во првото коло на Отвореното првенство на Хрватска каде играл со вајлд-карта, Ќориќ постигнал нова значајна победа, победувајќи го седмиот носител, светскиот бр. 46 Едуард Роже-Васлен во два сета. Тој го победил квалификанатот Орасио Зебаљос во второто коло и за прв пат се пласирал во АТП четвртфинале. Таму, тој се соочил со вториот носител Фабио Фоњини и загубил во три сета. По овој одличен резултат, Ќориќ за првпат влегол во најдобрите 200 на АТП листата, на 194. место.

Во август, Ќориќ се квалификувал за главниот ждреб на Отвореното првенство на САД и за прв пат во кариерата бил дел од главен ждреб на Гренд слем турнир. Тој во првото коло го изненадил 29. носител Лукаш Росол во три сета, но во второто коло загубил од Виктор Естреља Бургос.

На 21 септември, Ќориќ ја освоил својата прва АТП челинџер титула на турнирот во Измир, победуваји го во три сета 94. играч во светот, Малек Џазири, со што на возраст од 17 години и 10 месеци за првпат влегол во најдобрите 150 на АТП листата, на 140. место.

Тој добил вајлд-карта за турнирот во Базел, и во првото коло забележал победа над светскиот бр. 13, Ернест Гулбис во два сета. Во второто коло тој бил подобар од Андреј Голубев, а потоа во четвртфиналето ја забележал најголемата победа во неговата кариера, победувајќи го светскиот бр. 3, Рафаел Надал. Со пласманот во полуфиналето, Ќориќ за првпат влегол во најдобрите 100 на АТП листата (на 93. место), и станал најмладиот играч кој го сторил тоа по Надал во 2003 година.[4] Во полуфиналето, тој загубил од Давид Гофан во три сета.

Во ноември, Ќориќ ја добил наградата АТП најдобар нов играч.[5]

2015[уреди | уреди извор]

Ќориќ на Отвореното првенство на Франција 2015

Ќориќ ја започнал сезоната на турнирот во Ченај, победувајќи го Робин Хасе пред да загуби од подоцнежниот победник Станислас Вавринка. На Отвореното првенство на Австралија, за прв пат директно во главен ждреб, тој загубил во првото коло од Жереми Шарди во четири сета.

Во февруари, по поразите од Сергеј Стаховски и Жил Симон во првото коло во Загреб и второто коло во Марсеј редоследно, Ќориќ стигнал до своето второ АТП 500 полуфинале во кариерата на турнирот во Дубаи, победувајќи го светскиот бр. 3, Енди Мари во два сета во четвртфиналето. Тој заиграл во главниот ждреб на турнирот како среќен губитник, откако претходно загубил во последното квалификациско коло.[6] Во полуфиналето, тој бил поразен од светскиот бр. 2, Роџер Федерер, во два сета.

На Мастерсот во Индијан Велс, Ќориќ успешно ги минал квалификациите, но загубил во второто коло од Бернард Томиќ, откако во првото коло бил подобар од Андреас Хајдер-Маурер. До своето второ полуфинале во годината, Ќориќ стигнал на турнирот во Ница. Во полуфиналето тој загубил од Леонардо Мајер.

Ќориќ за првпат заиграл на Отвореното првенство на Франција, и во првото коло бил подобар од Сем Квери во четири сета. Во второто коло, тој направил изненадување, победувајќи го светскиот. бр. 19, специјалистот за земјена подлога, Томи Робредо во пет сета. Во третото коло тој бил поразен од Џек Сок. На Вимблдон, Ќориќ во првото коло во пет сета забележал победа над Сергеј Стаховски, но во второто коло во пет сета загубил од Андреас Сепи.

Тој го повторил резултатот од минатата сезона на Отвореното првенство на Хрватска во Умаг, повторно стигнувајќи до четвртфиналето, во кое овојпат бил поразен од Роберто Баутиста Ахут.

На Отвореното првенство на САД, тој бил поразен во првото коло од осмиот носител, Рафаел Надал во четири сета. Веднаш потоа, тој ја освоил втората челинџер титула во кариерата, во Баранкиља, Колумбија, победувајќи го Рожериу Дутра Силва во финалето.

Победи над Топ 10 играчи[уреди | уреди извор]

Сезона 2014 2015
Победи 1 1
# Играч Ранг Турнир Подлога Рунда Резултат
2014
1. Шпанија Рафаел Надал 3 Базел, Швајцарија Тврда Четвртфинале 6–2, 7–6(7–4)
2015
2. Обединето Кралство Енди Мари 3 Дубаи, Обединети Арапски Емирати Тврда Четвртфинале 6–1, 6–3

Јуниорски Гренд слем финалиња[уреди | уреди извор]

Поединечно: 1 (1–0)[уреди | уреди извор]

Исход Година Гренд слем Подлога Противник Резултат
Победник 2013 Отворено првенство на САД Тврда Австралија Танасиј Кокинакис 3–6, 6–3, 6–1

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Награди
Претходник
Чешка Јиржи Весели
АТП најдобар нов играч
2014
Наследник
Актуелен