Прејди на содржината

Борковац (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борковачко Езеровештачко езеро кое се наоѓа во Срем, 2 км оддалечено од Рума, 20 км од Сремска Митровица, 40 км од Нови Сад и 60 км од Белград.[1] Истото е создадено е во 1972 година со преградување на потокот Борковац, а полнењето на акумулацијата со вода траело во следните три години.[2]

Слика од Езерото Борковац

Езерото се протега во правец север-југ, во должина од 2 м. Браната се наоѓа во јужниот дел од акумулацијата, со должина од 209 м и висина од 11 м. Најголемата ширина на езерото е во централниот дел изнесува 320 м, а најголемата длабочина е 5 м. Во текот на просечниот водостој должината на брегот на акумулацијата е 4400 м, а површината на водата е 360.000 м².[2] Летната температура на водата во езерото достигнува до 29 °C, а е проѕирно до половина метар длабочина. Водоводната мрежа ја користи водата од езерото.[1]

Екологија на езерото

[уреди | уреди извор]

Борковачко Езеро може да се карактеризира како мезотрофно езеро, со висок потенцијал за еутрофикација. Во него е забележано е дека има цветање на водата, кое вклучува модро-зелени цијанобактерии. Езерото е богато со риби, а присутни се сом, смуѓ, крап, карас, бела риба, амур и толстолобих.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 ТО Рума: Језеро Борковац Архивирано на 18 декември 2024 г., Приступљено 15. 1. 2013.
  2. 1 2 Dolinaj, D., Marković, S., Svirčev, Z., Jovanović, M., Savić, S., Lazić, L., Đorđević, J. 2011. Limnological characteristics, water regime and water quality problems of Borkovac reservoir (Vojvodina, Serbia)[мртва врска]. Acta geographica Slovenica 51(1): 65–87

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)