Борка Драгоевиќ-Јосифовска
Изглед
| Борка Драгоевиќ-Јосифовска | ||
| Родена | 1910
Кондоминиум Босна и Херцеговина, Австроунгарија | |
|---|---|---|
| Починала | Скопје, Македонија | |
| Националност | Австроунгарка (1910-1918) Југословенка (1918-1991) Македонка (1991-2004) | |
| Занимање | класичен филолог | |
Борка Драгоевиќ-Јосифовска ( 1910 во Горња Србица — 2004 во Скопје) — македонски класичен филолог.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Дипломирала класична филологија и археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1834). Таа работела како кустос во Археолошкиот музеј во Скопје (1948-1958), а потоа како професор по латински јазик на Катедрата за класична филологија (до 1976). Во 1956 година, таа го уредила лапидариумот во Куршумли ан. Вршела истражувања на повеќе наоѓалишта: Исар-Марвинци, Драчево, Живојно, Стоби, Скупи и др. Таа била член на одборите за издавање на античките натписи од Југославија и на Tabula Imperii Romani.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Драгослав“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 487. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Борка Драгоевиќ-Јосифовска на службената страница на Филозофски факултет - Скопје (Архивирано на 27 јули 2024 г.)
Категорија:
- Родени во 1910 година
- Починати во 2004 година
- Починати во Скопје
- Босанскохерцеговски филолози
- Југословенски филолози
- Босанскохерцеговски археолози
- Југословенски археолози
- Босанскохерцеговски универзитетски професори
- Југословенски универзитетски професори
- Апсолвенти на Белградскиот универзитет
- Професори на Филозофскиот факултет - Скопје