Борис Цветановски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Нешов Цветановски ( 1924 во Раштак, Скопско13 мај 1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 1 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада ѝ со неа учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија, како ѝ во борбите против Германците во Качаничката Клисура. Потоа со Бригадата заминал на Косово, каде биле разоружани заостанатите балистички банди. Оттаму заминал за Земун, каде успешно ја завршил обуката во ракувањето со новото оружје. На 12 април 1945 година бил на позициите кај Шид, во општата офанзива на Првата југословенскатга армија. Учествувал во ослободувањето на Војводина, Хрватска и Словенија. На 13 мај 1945 година кај Подсреда во Словенија, во една борба против Германците, пред време му експлодирала бомба в раце ѝ тешко бил ранет. Во Загрепската болница, подлегнал на раните добиени од експлозијата. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во неговото родно село.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 159. На |first= му недостасува |last= (help)