Борис Паровски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Јованчев Паровски ( 1925 во Булачани, Скопско1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, по што се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Како симпатизер на народноослободителната борба од август 1944 година бил кypир на заднинската организација во Булачани и околните села. На 7 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во повеќе борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје, како курир на Штабот, паднал од еден воен камион и тешко се повредил. Бил пренесен во Воената болница во Скопје каде подлегнал на повредите. Бил закопан на скопските гробишта во Бутел.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 228–229. На |first= му недостасува |last= (help)