Борис Панковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Панковски
Роден 1927 година
Долно Соње, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Водно, Скопје, Македонија
Заробен па ѕверски убиен од албанските балисти.

Борис Спасов Панковски ( 1927 во Долно Соње, Скопско1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во родното село, а потоа се занимавал со земјоделство. Во втората половина на 1944 година, Четвртиот скопски партизански одред дејствувал на теренот од неговото село. Воспоставил врска со одредот и вршел бројни курирски задачи, особено во пренесување на храна и други материјали. Токму во тоа време колони младинци од Скопје, се упатувале кон овој терен за да станат борци на овој одред. Тој бил една од врските за префрлање на младинците и другите што доаѓале да стапат во одредот. Со доаѓањето на Дванаесеттата македонска ударна бригада на овој терен, стапил во нејзините редови. Една ноќ предводел една ударна група во акција против еден германски бункер, на билото на Водно. Во оваа борба против Германците бил ранет. Во вториот налет бил заробен од балистичките банди од кои бил ѕверски заклан.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 227. На |first= му недостасува |last= (help)