Борис Мајсторов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 17 декември 1935
Велес
Починал 17 јануари 2008
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец

Борис Мајсторов (роден на 17 декември 1935 во Велес - починал на 17 јануари 2008 во Скопје) — македонски глумец, драматург и режисер.

Биографија[уреди | уреди извор]

Основното и средното образование ги има завршено во родниот град. Потоа се запишал на стоматологија на факултетот во Белград. Меѓутоа набргу се откажал и се вратил во Скопје, каде се запишал на Правниот Факултет.

Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“ и во режисерската реализација на емисијата „Глас од татковината“. Добитник е на повеке престижни професионални награди. Во својата неверојатна 50 годишна кариера го достигнал врвот на артистичката професија. Мајсторов во Македонското Радио има оставено огромна фонотека од радио-драми, раскази, поетски интерпретации и хумористични емисии, а во Македонската телевизија безброј цртани филмови во кои го позајмувал гласот на сите познати детски јунаци.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]