Борис Кондарко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Кондарко (роден во 1973 година во Скопје) — поранешен претседател на Државната Изборна Комисија.[1] На функцијата стапил во април 2011 година,[2] по оставката на неговиот претходник Александар Новаковски.[3] На 18 октомври 2013 година поднел оставка од местото претседател на ДИК поради лични причини.[4] Тој во својата политичка кариера бил пратеник и гласноговорник на партијата СДСМ.[5]

Има завршено Правен факултет во Скопје, а работел и како адвокат. Тој се оженил со Сања Димеска во 2006 година.[6] Живее во Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Борис Кондарко нов претседател на ДИК“. МРТ. 13 април 2011. Посетено на 30 јуни 2013.[мртва врска]
  2. „Борис Кондарко нов претседател на ДИК“. Кирилица.мк. 12 април 2011. Архивирано од изворникот на 2011-04-13. Посетено на 30 јуни 2013.
  3. „Борис Кондарко - кандидат за претседател на ДИК“. Кајгана. 11 март 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-14. Посетено на 30 јуни 2013.
  4. „Претседателот на ДИК Борис Кондарко поднесе оставка на функцијата“. 24 Вести. 18 октомври 2013. Посетено на 19 октомври 2013.
  5. „Борис Кондарко се ожени“. Утрински Весник. 26 ноември 2006. Посетено на 30 јуни 2013.
  6. „Борис Кондарко се ожени“. Вечер. 27 ноември 2006. Посетено на 30 јуни 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]