Борис Богданоски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Дичов Богданоски (15 февруари 1915 во Арбиново, Охридско — 4 октомври 1943 во Зајас, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Борис Дичов Богданоски е роден во селото Арбиново, се занимавал со земјоделство. Во 1939 година заминал за Белград, како печалбар-работник. Зафатен од студентскиот бран учествува во низа демонстрации и штрајкови. По капитулацијата на стара Југославија се враќа во родниот крај. Со воспоставувањето на првите организирани јатки на движењето станува истакнат активист и еден од месните организатори. Во јули 1943 година доброволно стапува во партизанскиот одред ''Даме Груев''. Со формирањето на партизанскиот одред ''Славеј'' станува негов прв политички комесар. Со посебна задача оди во Кичево. Загинува по заседа поставена од балистите кај селото Зајас, на пат за Буковиќ, на 4 октомври 1943 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)