Борис Атков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Борис Томов Атков (Скопје, 6 декември 1904 - Скопје, 7 септември 1989) — македонски борец, учесник во Шпанската граѓанска војна и во НОБ.

Се иселил во Франција во пролетта 1924 година. Работел во циркус во Париз и во рудник во Алес Гард. Во Шпанија дошол од Франција на 2 септември 1936 година. Се борел на Мадридскиот фронт. Кон крајот на ноември 1936 година бил ранет. Бил во диверзантски групи – капетан. На 12 февруари 1939 е заробен и префрлен во логорите во Франција на присилна работа, а потоа, како шпански борец, е затворен во Швајцарија, каде останува до август 1941, кога успева да избега и да се врати во Југославија. Во 1944 година стапува во единиците на НОВ. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето работи во Народното собрание на Македонија. Дал свој придонес во развојот на културата и филмот во Македонија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]