Борис Андреев (револуционер)
| Борис Андреев | ||
![]() | ||
| Роден | 1903 Велес, Отоманска Македонија | |
|---|---|---|
| Починал | после 1942 г. неизв. | |
| Народност | Македонец | |
| Организација | Македонска младинска тајна револуционерна организација | |
Борис Андреев (во постар македонски правопис: Борисъ Андрѣевъ; Велес, 1903 — ?) — македонски револуционер и ветеринар. Деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Еден од осудените фигури во скопските студенски процеси
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е во 1903 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. За образование се запишува за ветеринарска медицина во Загреб.[1][2] Како студент се вклучува во дејностите на Македонската младинска тајна револуционерна организација. Член е на раководниот орган на Скопскиот револуционерен округ.[3]
Уапсен е откако српската влада открила за организацијата.[4] Во ноември 1927 година тој заедно со други истакнати дејци од ММТРО е пратен во скопските судови и е осуден во т.н. Скопски студентски процес. Нивниот адвокат бил истакнатиот Хрват Анте Павелиќ, отфрлувајќи ја обвината дека биле „платени агенти“. Осуден е на 5 години затвор со тешки услови каде што бил мачен.[5][6] Откако си ја извршил казната и испаднал од скопскиот затвор, еден Албанец, агент на српската полицијата, извршува напад спрема Борис Андреев и Димитар Нацев.[7]
Откако излегол од затвор тој продолжува со неговите револуционерни дејства.[8]
Учествува во основачката конференција на Велешкото благотворително братство во Скопје, создадено на 25 јануари 1942 година, и е избран во Управното тело. Братството создадено во 1942 година не е истото Велешко благотворително братство создадено во Софија. Новото братство било злоупотребено како политички инструмент на бугарските фашистички окупаторски сили.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Гоцев, Димитър Г (1988). Младежките национално-освободителни организации на македонските българи (1919 – 1941). София: Българска академия на науките. стр. 31, 34.
- ↑ Црнушанов, Коста (1992). Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него (PDF). Софија: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 136.
- ↑ Гоцев, Димитър Г (1988). Младежките национално-освободителни организации на македонските българи (1919 – 1941). София: Българска академия на науките. стр. 18, 31.
- ↑ Гоцев, Димитър Г (1988). Младежките национално-освободителни организации на македонските българи (1919 – 1941). София: Българска академия на науките. стр. 34.
- ↑ Гоцев, Димитър Г (1988). Младежките национално-освободителни организации на македонските българи (1919 – 1941). София: Българска академия на науките. стр. 40.
- ↑ Црнушанов, Коста (1992). Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него (PDF). София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 140.
- ↑ Гоцев, Димитър Г (1988). Младежките национално-освободителни организации на македонските българи (1919 – 1941). София: Българска академия на науките. стр. 50.
- ↑ Црнушанов, Коста (1992). Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него (PDF). София: Университетско издателство „Св. Климент Охридски“. стр. 147.
- ↑ „Велешко просветно-благотворително братство в гр. Скопие – „Протокол на Велешкото братство в Скопие", Скопие, 25 януари 1942 година“. strumski.com. Посетено на 14 јануари 2023.
