Борис Ѓорѓиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Димев Ѓорѓиевски ( 1920 во — 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од селско семејство. Завршил основно училиште. Живеел и работел во Скопје како графички работник. Летото 1944 година стапил во партизански одред. Подоцна со единиците на НОВ и ПОЈ го поминал долгиот борбен пат во завршните операции за ослободувањето на Македонија и Југославија. Учествувал во ослободувањето на Срем, Војводина и поголем дел од Хрватска. Во завршните битки со Германците, кон крајот на април 1945 година, храбро загинал некаде во Хрватска. Закопан бил на местото каде што загинал.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 48. На |first= му недостасува |last= (help)