Борисов арена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борисов арена
Borisov-Arena Stands2.jpg
Место Борисов, Белорусија
Координати 54°11′35″N 28°28′31″E / 54.19306° СГШ; 28.47528° ИГД / 54.19306; 28.47528
Започнат 2011–2014
Отворен 2014[1]
Сопственик БАТЕ Борисов
Подлога Трева
Цена на изградбата 40,000,000 [2]
Архитект OFIS Architects
Игра БАТЕ Борисов (2014–)
Фудбалска репрезентација на Белорусија (2014–)
Гледачи 13,126[3]

Борисов арена е фудбалски стадон во Борисов, Белорусија на кој играат БАТЕ Борисов и националниот тим на Белорусија. Максималниот капацитет на стадионот изнесува 13,126 гледачи.[4][5]

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот официјален натпревар одигран на Борисов арената бил финалниот натпревар од купот на Белорусија во сезоната 2013–14 во кој играле екипите на Неман Гродно и Шахтјор Солигорск. Натпреварот завршил со победа од 1–0 за екипата на Шахтјор Солигорск, а украинскиот играч Артем Старгородски го постигнал првиот гол воопшто на стадионот пред повеќе од 11.000 гледачи.[3]

Натпревари на националниот тим[уреди | уреди извор]

Фудбалската репрезентација на Белорусија својот прв натпревар на Борисов арената го одиграла на 4 септември 2014 година, победувајќи со 6–1 над Таџикистан во пријателски натпревар.[6] Првиот официјален натпревар, белоруската репрезентација го одиграла на 9 октомври 2014 година, и тоа против Украина пред 10,512 гледачи. Натпреварот бил во рамките на квалификациите за Европското првенство 2016, и завршил со резултат 0–2 во полза на Украина.[7]

Список на натпревари[уреди | уреди извор]

# Датум Противник Резултат Гледачи Натпреварување
1. 4 септември 2014 Таџикистан Таџикистан 6–1 2,400 Пријателски натпревар
2. 9 октомври 2014 Украина Украина 0–2 10,512[7] Квалификации за Европско првенство 2016
3. 12 октомври 2014 Словачка Словачка 1–3 3,684[8] Квалификации за Европско првенство 2016
4. 18 ноември 2014 Мексико Мексико 3–2 6,700 Пријателски натпревар
5. 14 јуни 2015 Шпанија Шпанија 0–1 13,121 Квалификации за Европско првенство 2016
6. 12 октомври 2015 Македонија Македонија 0–0 1,545 Квалификации за Европско првенство 2016

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.worldofstadiums.com/europe/belarus/borisov-arena/
  2. OFIS Architects (Ofis-a.si)
  3. 3,0 3,1 „Borisov Arena“. StadiumDB. конс. 12 October 2014. 
  4. Borisov Arena at FCBate.by
  5. Season tickets on sale 20 Jan (FCBate.by)
  6. „Belarus vs. Tajikistan 6:1“. Soccerway.com. конс. 12 October 2014. 
  7. 7,0 7,1 „Belarus vs. Ukraine 0:2“. Soccerway.com. конс. 12 October 2014. 
  8. „Belarus vs. SLOVAKIA 1 - 3“. Soccerway.com. конс. 24 April 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]