Борисови камења

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борисов камен во близина на катедралата Св. Софија, Полоцк, Белорусија
Борисов камен во Друја

Борисови камења (белоруски: Барысавы камяні, руски: Борисовы камни), познати и како Двински камења (руски: Двинские камни) – седум средновековни артефакти крај брегот на Западна Двина меѓу Полоцк и Дриса, Белорусија. Веројатно дека тие постојат во областа пред христијанството, но биле запишани во 12 век со текст и слика на Христос. Најголемиот од камењата има обем од 17 метра.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако овие обележја биле опишани во 16 век од Мачеј Стријковки, прв кој го свртел научното внимание на нив бил грофот Егор Канкрин во 1818 година. Канкрин открил дека на стената во близина на Орша било напишано:„Во оваа 1171 година, на 7. ден од март, завршен е овој крст. Господе, помогни му на твојот слуга Василиј, чие друго име е Рогволод, син Борисов.“[1]

Подоцна, биле пронајдени и неколку други камења со Борисовото име. Во 1930-тите, два од нив биле разнесени од комунистичките власти како верски објекти и нивните останки биле искористени за калдрмисување на патот меѓу Минск и Москва. Друг бил фрлен во реката, каде лежел до неговото откривање во 1988 година. Кога бил направен обид да се врати, каменот се распаднал на три дела. Три други камења биле преместени за да бидат изложени во близина на катедралата Св. Софија во Полоцк, во Музејот на камења во Минск и во Коломенско во близина на Москва.

Опис[уреди | уреди извор]

Двете имиња за камењата малку заведуваат: само четири од нив се наоѓаат долж бреговите на Двина, а еден од камењата воопшто не го спомнува Борис. Она што ги обединува е нивната програмска илустрација: „Во сите случаи, централното парче е огромен крст на кој се наоѓаат скратените елементи на конвенционалната грчка легенда која ја објавува победата на Исус“.[2] Општо е прифатено дека Борис, спомнат во натписите, бил Рогволод Всеславич (крстено име „Борис“), син на Всеслав, иако е веројатно дека таквите камења биле почитувани од страна на паганските Словени долго пред земјата да е христијанизира.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Franklin 74-75.
  2. Franklin 74-75.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 55°29′08″N 28°45′29″E / 55.48556° СГШ; 28.75806° ИГД / 55.48556; 28.75806