Боривоје Јевтиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боривоје Јевтиќ
Borivoje Jevtić
Роден 31 јули 1894
Сараево, Отоманско Царство
Починал 27 ноември 1959
Сараево, ФНРЈ
Националност Србин
Познат член на Млада Босна
Занимање книжевник и драмски писател

Боривоје Јевтиќ, српски книжевник, роден е во Сараево на 30 јули 1894 година, а починал исто така во Сараево на 27 ноември 1959 година. Бил припадник на движењето Млада Босна, уапсен е по Сараевскиот атентат во 1914 година, и осуден на 3 години во зандана. Пишувал песни, приказни и драма претежно со босанска тематика и театаски и книжевни критики, студии и есеи. Повеќе од 25 години бил режисер во театрите во Белград и Сараево. Ја уредувал Књижевна критика, Преглед, Српска омладина. Ги презел слободниот стих и лесната форма на песна во проза со преведување на Волт Витман и германските експреонисти. Објавил повеќе збирки на приказни Заоѓања (Заласци ) (1918), Даровите на мајката земја (Дарови мајке земље) (1931), Дени на Миљацка (1935), "Помешани јазици (Пометени језици ) (1952), Играчки во времето (Играчке у времену) (1958), драмите Царските кохорти (Царске кохорте) (1928), Ветена земја (Обећана земља)( (1937), Подвиг на Сухолини (1939) и книга спомени на Сараевски атентат (Сарајевски атентат) (1924).[1][2]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Палавестра, Предраг (1995). Историја модерне српске књижевности. стр. 256. ISBN 978-86-379-0544-8.
  1. Палавестра 1995, стр. 256.
  2. Jevtić, Borivoje | Hrvatska enciklopedija