Бореално царство
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Бореалното (или холарктичко) флористичко царство ги опфаќа умерените до арктички делови на Северна Америка и Евроазија. Неговата флора е наследена од древниот надконтинент Лавразија, за што зборуваат и сличностите на флората од денешните континенти. Меѓутоа, поголем дел од ова царство бил под влијание на глацијацијата за време на плеистоценот, па затоа лауразиската флора делумно исчезнала, а дел еволуирала во нова. Терциерните реликти нашле засолниште во јужните планински делови од царството, особено во Источноазискиот регион и северноамериканскиот атлантски регион.
Бореалното царство е поделено на три флористички потцарства и девет флористички региони:
- Бореално потцарство
- Тетиско потцарство
- Мадреанско потцарство