Прејди на содржината

Борбен брод (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борбен брод
Плакатот на македонски јазик
РежисерПитер Берг
Продуцент
  • Брајан Голднер
  • Скот Стубер
  • Питер Берг
  • Сара Обри
  • Данкан Хендерсон
  • Бенет Шнајр
Сценарист
  • Џон Хебер
  • Ерик Хебер
Главни улоги
МузикаСтив Јаблонски
КинематографијаТобијас А. Шлислер
Монтажа
  • Колби Паркер Помладиот
  • Били Рич
  • Пол Рубел
Студио
ДистрибутерUniversal Pictures
Премиера3 април 2012 г. (Токио)
18 мај 2012 г. (САД)
19 април 2012 г. (Македонија)
Времетраење131 минута
Земја САД
Јазик
Буџет209 — 220 милиони долари
Бруто-заработка303 милиони долари
IMDbID 1440129

Борбен броднаучнофантастичен филм од 2012 г. за обид за вонземјански упад, заснован на истоимената игра со табла и лиценциран од Hasbro. Режисер е Питер Берг.[1] Премиера се одржала на 3 април 2012 година во Токио, во САД на 18 мај, а во Македонија на 19 април истата година.[2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

По воспоставувањето контакт со технолошки напреден вонземјански облик на живот, пет вонземјански вселенски брода продираат во нашиот Сончев Систем и ја прекинуваат вежбата RIMPAC во 2012 г. Сега, вонземјанската армада претставува крајна закана за целото човештво, а единствените што ќе ги запрат се храбриот екипаж на разурнувачот Џон Пол Џонс, и неговиот млад командант, поручник Алекс Хопер. Над брегот на Хаваи, жестоката и решавачка битка за Земјата ќе ја реши судбината на човештвото. Можеме ли да го запреме сеопфатниот вонземјански упад?

Глумец Улога
Тејлор Кич Алекс Хопер
Александер Скарсгорд Стоун Хопер
Ријана Кора Рејкс
Бруклин Декер Саманта Шејн
Таданобу Асано Југи Нагата
Лијам Нисон Теренс Шејн
Хејмиш Линклатер Кал Запата
Џеси Племонс Џими Орд
Џон Туви Волтер Линч
Грегори Гадсон Мик Каналес
Адам Годли д-р Ногрејди
Рами Малек поручник Хил
Гари Грабс шефот на екипажот
Питер Макникол секретарот за одбрана на САД
  1. „The Mogul of the Middle“. The New Yorker. January 4, 2016.
  2. Weintraub, Steve (February 5, 2010). „Peter Berg's Battleship Is Now Sailing Memorial Day Weekend 2012“. Collider.com. Архивирано од изворникот January 18, 2019. Посетено на July 10, 2010.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]