Бомбашки напад во Истанбул (2016)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Координати: 41°0′21.24″N 28°58′31.43″E / 41.0059000° СГШ; 28.9753972° ИГД / 41.0059000; 28.9753972

Бомбашки напад во Истанбул
МестоПлоштад Султанахмед, Фатих, Истанбул, Турција
Датум12 јануари 2016
Целстрански туристи
Вид на нападСамоубиствен напад
Мртви11 (вклучувајќи го напаѓачот))[1]
Повредени15[1]
СторителиИСИЛ
Број1 (Набил Фадил)

Бомбашкиот напад во Истанбул — самоубиствен напад кој се случил на 12 јануари 2016 година на плоштадот Султанахмед во Истанбул, Турција[2][3][4], во околу 10:20 часот. Нападот резултирал со 11 жртви, вклучувајќи го и напаѓачот Набил Фадил, како и 15 повредени[1][5][6][7].

Бомбашот самоубиец Набил Фадил бил по потекло од Сирија, роден во 1988 година и член на Исламска држава (ИДИЛ)[8].

Нападот[уреди | уреди извор]

Нападот го извршил сириски бомбаш, кој се разнел[9] во непосредна близина на група туристи на плоштадот Султанахмет[10], пред обелискот на Теодосиј[8] во непосредна близина од влезот на Сината џамија.

Според изворите на медиумите, од вкупно 10 жртви, 9 биле германски туристи[11] додека 1 бил перуански[12]. Од повредените 15 туристи, 6 се Германци, 1 Норвежанец, 1 Перуанец и Јужнокореец[13].

Реакции[уреди | уреди извор]

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осудил терористичкиот инцидент во Истанбул додека турскиот премиер Ахмет Давутоглу веднаш свикал итен безбедносен состанок со клучните министри и функционери[14].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Istanbul tourist district hit by deadly blast“. 
  2. Explosion in central Istanbul - BBC News“, „BBC News“ (посет. 12 јануари 2016 г). (на en-GB)
  3. Deadly Blast Hits Istanbul Square“, „NBC News“ (посет. 12 јануари 2016 г).
  4. Reports: several injured in explosion in Istanbul“, „The Washington Post“, 12 јануари 2016 (посет. 12 јануари 2016 г). (на en-US)
  5. Explosion in Istanbul's Sultanahmet Square leaves 10 dead, 15 injured“, Daily Sabah, 12 јануари 2016 (посет. 12 јануари 2016 г).
  6. „Explosion at İstanbul’s historic square kills 10, media ban imposed“. TodaysZaman. 12 January 2016. конс. 12 January 2016. 
  7. Reuters Editorial (12 January 2016). „Ten dead, fifteen wounded in Istanbul blast: governor's office“. Reuters. конс. 12 January 2016. 
  8. 8,0 8,1 'Several' people killed and injured after explosion in Istanbul“, „Mail Online“ (посет. 12 јануари 2016 г).
  9. Islamic State Bomber Hits Istanbul Tourist District, Turkey Says“, „Wall Street Journal“ (посет. 12 јануари 2016 г).
  10. http://vesti.mk/read/news/7620783/2824032/desetina-mrtvi-vo-samoubistven-bombashki-napad-vo-istanbul
  11. Sultanahmet'te patlama: Ölü ve yaralılar var! - #Türkiye“, „Radikal“ (посет. 12 јануари 2016 г).
  12. http://a1on.mk/wordpress/archives/569919
  13. Suicide Bomber Kills at Least 10 in Istanbul District of Sultanahmet“, „The New York Times“, 12 јануари 2016 (посет. 12 јануари 2016 г).
  14. http://vesti.mk/read/news/7620783/2824032/desetina-mrtvi-vo-samoubistven-bombashki-napad-vo-istanbul