Болен Дојчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Болен Дојчин (српски: Болани Дојчин) е епска (јуначка) песна, која е дел од македонското и српското народно творештво.

Содржина[уреди | уреди извор]

Војводата Дојчин од Солун се разболел и лежел закован во постелата во текот на девет години, така што повеќето луѓе мислеле дека тој е умрен. За тоа слушнал Усо Арапот (српски: Усо Арапин), кој пристигнал во Солун и барал некој јунак да излезе на мегдан со него. Меѓутоа, во целиот Солун не се нашол ниеден јунак кој би се борел со Усо, зашто Дојчин бил болен, Дука го болела раката, а Илија бил младо момче, кое сè уште не видело борба, така што мајка му не го пуштила да излезе на мегдан. Оттука, Усо му наметнал данок на градот: секоја куќа требало да даде овен, фурна леб, товар вино, казан ракија, 20 дукати и една девојка или млада невеста.

Кога дошло ред куќата на Дојчин да ја плати давачката, неговата жена Анѓелија (српски: Анђелија) и сестра му Елица (српски: Јелица) ги подготвиле работите, но Усо Арапот не сакал да ги прифати без да му се даде една девојка. Очајна, сестра му Елица седнала крај Дојчин, почнала да плаче и му раскажала за нивната мака. Тогаш, Дојчин ѝ рекол на жена му да го однесе коњот кај неговиот пријател, ковачот Петре и да го замоли да го поткова бесплатно. Но, Петре одбил да го поткова коњот на вересија, туку за работата посакал да ги љуби нејзините очи. Дојчин се налутил и побарал да му го подготват коњот и воената опрема, а него да го завиткаат со платно околу половината, со цел да не му се размрдаат коските. Потоа, Дојчин отишол кај Усо Арапот кој, кога го видел, многу се исплашил и го поканил да пијат вино, ветувајќи му дека него ќе го ослободи од данокот. Но, Дојчин му го растурил шаторот, а потоа го бркал сè до Солун, каде со копјето го заковал за градската порта, а потоа му ја пресекол главата и му ги ископал очите. Откако го убил Арапот, Дојчин отишол кај својот побратим Петре и нему му ја пресекол главата и му ги ископал очите. Кога пристигнал дома, Дојчин седнал во дворот, ги извадил очите на Усо и ѝ ги дал на сестра си, велејќи дека нема да го љуби Арапот додека е тој жив. Исто така, на својата жена ѝ ги дал очите на ковачот Петре, велејќи дека нема да ги љуби додека е тој жив. Откако го рекол тоа, Дојчин ја испуштил душата.[1]

Болен Дојчин како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Junačke narodne pesme, Rad, Beograd, 1959, стр. 80-87.
  2. Бранко Миљковиќ, Избор. Скопје: Мисла, Култура и Македонска книга, 1988, стр. 105.