Болгар
Болгхар или Болгар (руски: Болгарское городище; татарски: Болгар, БЛغار, Bolğar; чувашки: Аслă Пăлхар, Aslă Pălhar) повремено бил главен град на Волшка Бугарија од 10-ти до 13-ти век, заедно со Биљар и Нур-Сувар.
Се наоѓал на брегот на реката Волга, околу 30км низводно од нејзиниот влив со реката Кама и околу 130км од денешен Казањ, Спаски округ, а Западно од него се наоѓа мал современ град познат како Болгар создаден во 1991 година.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО го вклучило овој Историскиот и археолошки комплекс Болгар (древна тврдина на ридот Болгар) на списокот на светско наследство во 2014 година.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Болгар првично бил основан во 10 век.[2] Градот наводно бил главен град на Волшка Бугарија уште од 10 век. Како резултат на руските упади по Волга и меѓусебните борби, прабугарските кралеви наречени хагани, биле принудени повремено да го преместуваат својот главен град во Биљар.
Во 13 век за време на монголската инвазија на Волшка Бугарија, познатата Златната Орда го освоила царството, а за тоа еден руски аналитичар напишал: „Во есента 6744 (1236) година, од земјите на Истокот дошле во бугарските земји безбожните Татари и го ограбиле добриот град Болгар и ги убиле сите, од стари до млади и најмало доенче, и ограбиле многу добра, го запалиле градот и ја зазеле целата нивна земја“.[3]
По уништувањето на Биљар за време на монголската инвазија, поранешната престолнина го изгубила својот статус поради монголската политика што забранувала реконструкција на престолнини.[3] Се наоѓала надвор од самиот улус, но имала директно монголско присуство.[4] Монголците ја елиминирале постојната социо-политичка структура на Волшките Бугари.[4] Како резултат на тоа, Волшка Бугарија станала децентрализирана и новиот град Казањ, познат како Болгар-ал-Џадид („новиот Болгар“), станал истакнат.[3]
Оданочувањето на региони како што се Болгар, Хваризам, Крим и Азербејџан ги наполнило ковчезите на Златната орда со големо богатство, а Монголците ги замениле актуелните владетели на Болгар и Хваризам со свои.[4]
Кон крајот на 14 век, неговата среќа доживеала значителен пад. Била ограбена од Булат Тимур во 1361 година за време на Големите неволји.
Во Московско-волшката војна (1376) Московјани и Нижни Новгород-Суздал накратко го освоиле Голем Болгар и поставиле свои дороги и таможнија (царински собирач), кои веројатно биле постоечки канцеларии во тоа време, пред Татарите повторно да го освојат градот.[4] Тој бил загрозен од Тамерлан за време на Тамерланова војна со Туктамиша.
Како муслимански религиозен центар, Болгар опстојувал до средината на 16 век, кога Казанското ханство било освоено од рускиот цар Иван IV и вклучено во руската држава.
За време на царското владеење, местото на античкиот град било населено од руски обични луѓе. Царот Петар Велики издал посебна наредба за зачувување на преостанатите урнатини, што бил првиот руски закон насочен кон зачувување на историското наследство.
Мало поклонение
[уреди | уреди извор]За време на советскиот период, Болгар бил центар на локалното исламско движење познато како Малиот аџилак ; муслиманите од Татарстан и други делови на Советскиот Сојуз не можеле да учествуваат во хаџот во Мека, па затоа патувале во Болгар.
Споменици и храмови
[уреди | уреди извор]- Источен мавзолеј
- Мавзолејот на хановите
- Северен мавзолеј
- Црна комора
- Бела комора
- Голема манара
- Мала манара
- Нова Бела џамија Болгар
Важност
[уреди | уреди извор]
Татарите ја нарекуваат средновековната престолнина на Волшка Бугарија како Шахри Болгар (татарски: Шәһри Болгар), што на персиски значи „Град Болгар“. Градот е дел од нивното културно наследство, бидејќи Волшка Бугарија е претходничка држава на Казанскиот ханат, кој пак е на некој начин претходник на денешната руска република Татарстан.
Денес, главен град на Татарстан е Казањ, но многу Татари го сметаат Болгар за нивна античка и религиозна престолнина и за престолнина што овозможува увид во животот на муслиманските Бугари пред монголската инвазија на Волшка Бугарија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bolgar Historical and Archaeological Complex“. UNESCO World Heritage Centre (англиски). Посетено на 2019-08-09.
- ↑ Curta 2019.
- 1 2 3 Bukharaev 2014.
- 1 2 3 4 Halperin 1987.
Литература
[уреди | уреди извор]- Bukharaev, Ravil (3 June 2014). Islam in Russia: The Four Seasons (англиски). Routledge. ISBN 978-1-136-80793-0.
- Curta, Florin (8 July 2019). Eastern Europe in the Middle Ages (500-1300) (2 vols) (англиски). BRILL. ISBN 978-90-04-39519-0.
- Halperin, Charles J. (1987). Russia and the Golden Horde: The Mongol Impact on Medieval Russian History. стр. 222. ISBN 9781850430575. (e-book).
- Turnerelli, Edward Tracy, Kazan, the Ancient Capital of the Tartar Khans, 1854, pp 196–261
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||